Дали луѓето што зборат за себе во трето лице сфаќаат колку дебилно и звучат на Ина?

Простувањето не е тоа што мислиме

Да научиме што точно е

Некогаш со зборови простуваме, но срце не ни дава таа личност да ја гледаме со исти очи и понатаму. Продолжената лутина, особено кога е прикриена со прошка, неминовно води кон пропаст во тој однос.

Ако навистина простуваме, ги пуштаме сите тие емоции да си одат, наместо да ги трупаме во себе и да чекаме да дојде до точка на пукање, кога веќе немаме контрола врз ништо. Процесирањето на лутината е нормално и додека тоа се случува, уште не сме во состојба да кажеме дали сме спремни некому да простиме.

Сето ова има неколку фази:

  1. Што се случува, препознавање што нè повредува и насочување кон препознавањето на секој можен исход.
  2. Состојба на мирување, кога му даваме простор на умот, но и на срцето да се помири со настаните.
  3. Исход, односно конечната одлука – дали нашата ментална состојба, но и хормоните и нервите се спремни да живеат со таа прошка.

Пред да ја донесеме одлуката за простување, мора да бидеме свесни дека во нашата глава се случува процес кој анализира еден тон факти и информации, меѓу кои и околностите под кои се случила грешката, нашата лична перцепција, лоцирањето на вината, препознавање на виновникот и жртвата, прифаќање на бесот и лутината, како и на фрустрацијата и оставање нервниот систем и телото самите да изберат како ќе се справат.

Некогаш, под притисок на блиските и на околината, одлучуваме дека ќе простиме и заборавиме, но уште почесто се случува таа прошка да не јаде однатре, создавајќи аверзија кон одредени личности, па дури и места и околности.

Не постои магијата на простувањето и заборавањето, а кој и да тврди спротивно, воопшто не е во право. На секој еден од нас е да одлучи како ќе се однесува во овие ситуации и да биде реален и искрен кон себе – можеме ли да живееме со прошката која сме ја дале, ако таа ни го прави животот полош?