Англиски: Ok, bye Македонски: Епа ајде тогаш, важи, обавезно да да, ќе ја поздравам фала, важи, не не заборавам таман работа, ајде, да да, ај ај

Психоделична уметност

Го има и тоа

Уметникот Луис Толедо од Мадрид, кој е познат под псевдонимот Laprisamata, е уште еден од многуте уметници низ светов кои во време на карантинот максимално ја искористија својата креативност, создавајќи врвни уметнички дела.

Неговата инспирација потекнува од природните форми и бои, од комплексноста на човечкото тело, како однадвор, така и од аспект на анатомијата. Набљудувајќи ја таа комплексност, добива идеја да даде малку поинаква форма и боја, а неговите дела создаваат дистописки свет на психоделична уметност.

Во зависност од вашата фантазија и креативност, може да ви личат на ритуали, да ви предизвикаат позитивни чувства, да ве наежат, да направат да се чувствувате минорни, бидејќи сите изгледаат како да се случуваат во големи отворени простори, а над нив е само небото.

Толедо се надева дека ќе може своите калеидоскопски дела да ги спои во приказна и да издаде графички роман кој раскажува приказна за една 2020-та, за една корона и за светот кој преку ноќ научи да живее поинаков живот од оној на кој беше навикнат.