Му се јавуваш на шефот и му викаш шефе јас денес ќе спијам од дома

Спиење со маска за лице е новата младост

И да најдете време за правење маски од фрижидер

Маските за лице се користат со векови за нега на кожата. На почетокот луѓето ги користеле витамините и минералите од овошјето и зеленчукот и ја довеле смесата за маска до совршенство. И денес се користат маските од фрижидер, ако не ве мрзи да си ги спремате. Потоа со појавија козметичките маски кои треба да стојат неколку минути и се измиваат и тие се користеа со години. Последниве години како револуционерно откритие во козметиката ги имаме маските кои не се одмиваат и делуваат цела ноќ. Маските за спиење многу брзо добија огромна популарност поради нивната неверојатна моќ за хидратација.

Маска за лице е многу важно да се користи, ја задржува влагата и создава филм што ја навлажнува, хидрира, суши или ексфолира кожата, во зависност од тоа од што е направена. Маската не се користи наместо крема за лице, се препорачува да се нанесува еднаш до три пати неделно според типот на кожата. Ако вашата кожа е нормална до сува, треба да користите помалку, а ако е нормална до мрсна, можете повеќе. Преку ден нашата кожа акумулира многу нечистотија, маснотии, мртви клетки и загадување. Чистењето, тонирањето и навлажнувањето ги отстрануваат овие загадувачи. Маските помагаат да се хидрираат клетките на вашата кожа, оставајќи ги меки и еластични со ребалансирање на нивните pH нивоа.

Маските за цела ноќ се тие што се користат најмногу. Можете да ги видите во видеата на ноќните рутини за нега на кожа кај популарните личности и се препорачани од дерматолозите. Ви издвоив неколку кои може да ве интересираат.

Vichy Slow Age

 

Vichy Slow Age jа збогатува кожата со кислород, ја обновува и го успорува стареењето. Ова е прва ноќна крема и маска која е збогатена со кислород и ја обновува кожата изложена на негативните влијанија од околината. Подобрува клеточно дишење и регенерација на кожата од ноќ во ноќ и ги намалува брчките. Можете да ја нарачате тука, ќе ви ја донесат дома.

 

URIAGE Thermal Water Sleeping Mask

 

 

URIAGE Thermal Water Sleeping Mask. Ова е маската за спиење која ја регенерира хидратацијата на кожата. Ја враќа природната бариера на кожата за да избегне дехидрација и
дејствува на корнеоцитниот цемент за трајно зајакнување на хидратацијата. Ова е многу добра маска, посебно за лето кога лицето ви е изложено на сонце. Можете да ја нарачате на Митра тука.

 

Snow Cladonia

 

Snow Cladonia firming е ноќна маска за затегнување на кожата. Ова е органски производ, со оваа маска не можете да згрешите. Органското Сибирско масло од бор кое е уникатен природен извор на поли-незаситени киселини, витамини Е и F, ја храни и омекнува кожата. Хиалуронската киселина длабински ја хидрира кожата, зголемувајќи ја незината цврстина и еластичност. Витаминот Е е моќен антиоксидант, кој помага во успорувањето на процесот на стареење на кожата. Ако сакате маска со ефект на лифтинг нарачајте си ја овде.

 

Е сега, ако не ве мрзи, можете и да го отворите фрижидерот и да си направите маска од тоа што имате. Овие маски ќе ви ги дадат сите потребни витамини и минерали од состојките и ќе ја нахранат кожата. Лифтинг ефекти и измазнување брчки не очекувјте, но можете да ги користите паралелно со ноќните маски за прихрана, смирување на кожата, избелување и слично.

Гелот од алое има антиинфламаторни и антибактериски агенси кои помагаат да се подобри текстурата на вашата кожа. Неговите антибактериски својства ги отстрануваат бактериите од кожата и со тоа го намалуваат ризикот од темни дамки. Од лекување на акни и изгореници од сонце до егзема и псоријаза, оваа домашна маска за лице е чудесна а не сте ни знаеле дека и е потребна на вашата кожа.

Измешајте една лажица гел од алое вера, две лажици млечен крем и прстофат куркума. Нанесете ја смесата рамномерно на лицето и вратот. Оставете ја смесата да отстои на лицето околу 30 минути. Исплакнете со млака вода.

Придобивките од користењето мед на вашето лице се повеќе отколку што можете да замислите. Бидејќи е природно антибактериски, медот помага во лекување и спречување на акни. Богат е со антиоксиданси што значи дека помага и во забавување на процесот на стареење. И на крај, неговите навлажнувачки и смирувачки својства сигурно ќе ве остават со здрав сјај.

Земете четири лажички млеко и стоплете го. Измешајте го млекото со две лажички мед. Сега, земете памук и со него нанесете ја смесата на лицето додека е уште топла. Оставете ја вашата кожа да ја впие смесата, за тоа ќе и требат околу 10 минути. Почекајте уште 20 минути пред да се измиете со млака вода. На крајот, исплакнете го лицето со ладна вода.

Куркумата содржи антиинфламаторни својства и антиоксиданси кои помагаат да се обезбеди сјај на кожата. Разгалувањето со домашна маска за лице наполнета со куркума може да ви помогне да ја оживеете кожата, помага во лекувањето на акни, псоријаза, а има и лековити својства.

Измешајте половина лажичка куркума во прав и една лажичка прашок за пециво. Додадете една до две лажички розова вода и измешајте додека не добиете мазна паста. Нанесете го пакувањето на лицето и оставете да делува 5 минути. Намокрете ги врвовите на прстите и направете си нежна масажа на лицето со мали кружни движења. Масирајте 5 минути за да ја отстраните мртвата кожа. Прво исплакнете со млака вода и потоа со ладна вода.

Авокадото е преполно со витамини А, D и Е и омега-3  киселини кои помагаат во негување и навлажнување на кожата. Домашната маска за лице со авокадо може да помогне во лекувањето на многу проблеми на кожата, како што се изгореници од сонце, рани знаци на стареење и акни. Користете еднаш неделно за кожа без акни и без дамка.

Излупете едно зрело авокадо и извадете го семето. Добро изгмечете ја пулпата за да нема грутчиња. Додадете една лажица мед во пулпата од авокадо и добро измешајте. Нанесете ја пастата на целото лице и оставете ја да отстои 10-15 минути. Исплакнете со млака вода.

Краставицата е богата со витамин Ц, К, манган и бета-каротен што обезбедува здрава кожа и има разладувачките својства кои помагаат вашата кожа да изгледа посвежо, поздраво и помладo. Содржината на вода во краставицата помага да се хидрира дехидрираната кожа и може да биде лесна замена за секој крем за лице. Употребата на домашна маска за лице со краставица може да помогне во лекувањето на изгореници, осип, темни кругови и подуени очи.

Изрендајте една краставица и изблендирајте ја во паста. Нанесете ја пастата по целото лице. Оставете ја пастата да отстои на вашето лице 15 минути. Исплакнете со ладна вода и исушете ја кожата. Завршете го со хидратантен крем.

Со нанесување на домашна маска за лице со јогурт два или три пати неделно може да имате мека, еластична кожа. Јогуртот помага да се навлажнува вашата кожа, се бори против акните, ги смирува изгорениците од сонце, ја намалува обезбојувањето и го спречува предвременото стареење.

Земете половина чаша кисел јогурт и измешајте го со една лажичка сок од лимон или портокал. Добро измешајте и нанесете ја пастата на целото лице. Оставете ја смесата да отстои на лицето 15-20 минути. Измијте се со млака вода и веднаш потоа со ладна вода за да ги стегнете порите.