Коа купувате пудра “кожа боја” нека биде барем бојата на вашата кожа, еве не знам…

Среќата е индивидуална

Не можеш некого да натераш да биде среќен

Многупати мислиме дека го имаме рецептот за среќа и дека можеме да им помогнеме на другите да бидат среќни како нас. Имам видено многу луѓе кои вложуваат во среќата на некој друг, но не успеваат да постигнат ништо. Притоа, си газат по својата, мислејќи дека ако тие си ја пронашле, веќе знаат како да им помогнат и на блиските.
Многу е тажно кога некој се обидува да помогне на своите браќа и сестри, пријатели, родители, па дури и колеги, да бидат посреќни. Но, едно нешто треба да сфатиме сите – среќата е индивидуална и сите различно гледаме на тоа што таа значи.
За некого тоа е редовна плата и вработување на неопределено. За друг е слободата за работење од дома со флексибилно работно време. За некои е имањето доволно пари да земат пауза од работење неколку месеци и да патуваат и стекнуваат искуства. Има луѓе за кои нема поголема среќа од создавање семејство, купување свој дом, уредување на стан, но и такви кои најсреќни се додека одгледуваат овошје и зеленчук, или пак живеат сами со својот миленик. Има толку многу варијации, што е навистина неправедно да земеме и да дефинираме што е тоа што ги прави луѓето среќни.
Дали можеме да им помогнеме на другите да ја почувствуваат животната среќа?
Можеме да бидеме покрај нив и да им даваме поддршка додека го бараат идеалниот рецепт. Но, не можеме да очекуваме дека ќе бидат среќни со она што го постигнале.
Мора да избегнуваме стерилни фрази од типот „барем имаш партнер“ или „барем имаш редовни примања“. Многумина воопшто не се ни среќни со тие партнери или на тоа работно место, а нивната потрага по среќата вклучува и раскинување или отказ.
Не можеме да речеме ниту дека некој во идеална физичка и ментална здравствена состојба е целосно среќен. Можеби на таа личност и е потребен миленик за да ја комплетира својата среќа, но не се во можност сега да го направат тоа.


Затоа, да ја наметнувате својата идеја за среќен и идеален живот, кој можеби сте го постигнале, во крајна линија е непристојно и злобно. Секако, не можете да натерате некој да гледа посветло на некои работи, ниту пак да го мрази она што вам не ви се допаѓа.
Како што веќе кажав, можеме да бидеме поддршка или да дадеме искрен совет, но не можеме да го живееме туѓиот живот. Дури и за момент да претпоставиме како е да се биде на нивно место, не треба да носиме заклучоци дека знаеме се за тие луѓе.
Затоа, запомнете го следново:
-Никој не може да ви каже како да бидете среќни, ниту пак некој може да ви го каже вам тоа.
-Среќата можете да ја откриете самите, со правење на лични избори и искористување на нивниот потенцијал.
-Среќата е процес, не е состојба. Колку порано го сфатиме ова, толку посреќни ќе бидеме во животот.
-Вистинскиот рецепт кој функционира е индивидуален за секој различен човек. Секој од нас треба да го најде патот кој го прави среќен, наместо да гледа како другите го прават тоа.