Шо е со маживе, да не можеш да му закасниш саат-два, одма се љути…бог да чува!

Хипатија првата жена филозоф, математичар и астроном што значело вештерка

Единствената жена меѓу филозофите во Атинската школа

Хипатија од Александрија била една од најзначајните жени во античката Грција и првата позната жена математичар, филозоф и астроном. Родена околу 350 година по Христос имала висок статус и почит во своето време. Хипатија е родена во Александрија, која тогаш била важен центар на учење и култура. Таа била ќерка на метематичарот и филозофот Теон од Александрија, кој исто така имал големо влијание врз нејзиното образование. Теон ја поддржувал во нејзините учења и сакал да се осигура дека таа ќе има достап до сите важни научни дела и ресурси.

Хипатија станала позната по нејзините достигнувања во математиката, астрономијата и филозофијата. Таа била многу позната по своите толкувања на геометрија и астрономија, како и по своите математички проблеми и теории. Хипатија преземала активна улога во образованието и подучувала млади студенти, меѓу кои имало и мажи, што било необично за тоа време. Нејзиниот интелектуален интегритет бил познат нашироко, многу луѓе ја почитувале и барале нејзин совет, вклучувајќи ги и политичарите и филозофите на тоа време.

Незаразена од политичките суеверија и интриги, Хипатија била слободна да ја изрази својата мисла и да истражува во различни научни области. Но нејзината слава и влијание го привлекле вниманието и неодобрувањењето на некои моќни луѓе. Во 415 година, Хипатија станала жртва на политичка интрига и насилство.  Во тоа време, Александрија била замешана во политички и религиозни конфликти помеѓу христијанските и паганските групи. Во тие нереди е запалена и познатата Александриска библиотека од каде таа успеала да спаси некои дела, но поголемиот дел бил уништен. Хипатија била позната по својата независност од црквата. Таа била придружница и советница на губернаторот на Александрија, кој бил придружник на паганската филозофија.

Во тој период, гневните маси на христијанските екстремисти започнале да ја обвинуваат Хипатија за магија. Било сосема логично во тоа време улогата на жената, согласно црквата,  да е тивка и во сенка на мажот. Хипатија била жена која имала интелектуална моќ и многу почит од моќни луѓе од областа на науката што на екстремистите не им одело во корист.  Во март 415 година, таа била нападната од толпа насилници предводени од свештеник кој бил противник на нејзината филозофска и политичка моќ. Хипатија била фатена, изложена јавно пред веќе уништената и запалена библиотека, соблечена гола и каменувана до смрт. Потоа и го влечеле телото по улиците и на крај остатоците и ги запалиле.

Убиството на Хипатија предизвикало големо вознемирување и оставило долготраен впечаток врз научната и филозофската заедница. Нејзината смрт се смета за симбол на независноста и борбата за слободата на изразување и знаењето. Иако Хипатија била погрешно жртвувана поради политичките и религиозни проблеми на своето време, нејзиното наследство и влијание опстојуваат. Таа останува вечен симбол на женската интелигенција, настојност и силата на знаењето. Нејзината присутност и достигнувања не потсетуваат на важноста на образованието и науката, како и на потребата за заштита на слободата на мислење и изразување во секоедруштво.

Хипатија е единствената жена меѓу филозофите во тоа време и е претставена на фреската „Атинска школа” од Рафаел која се наоѓа во апостолската палата во Ватикан.