Обожавам да гледам емисии за готвење, а од готвење абер неам. Исто ко некои мажи со порно

Што научивме за скинкер за една година

Сублимирано

Помина една година, а се чини ко завчера да почна револуцијата во негата на кожата, откривање нови состојки, рушење митови, исфрлање на парфимирани и алкохолни производи од рутината и инвестиција во какви уште не серуми и креми и тонери и пилинзи.

Верувам дека секој најдобро си ја знае кожата и нејзините потреби, ама меѓу другото сфатив и дека нешто што ни се чини логично и правилно, не значи дека е навистина така. Па, браво за сите нас што за една година научивме дека:

  1. И на мрсната кожа ѝ треба хидратација

Лачењето на масла и себум не е хидратација. Кожата може да биде најмрсна на свет, но да биде дехидрирана, што значи дека ѝ е потребна вода и маслата ништо не прават во овој случај. Со воведување на хидратор во негата, макар и оној на база на вода, што личи на гел, ќе успеете да си го вратите балансот на кожата и да ја подобрите бариерата, како и да ги намалите иритациите.

  1. Затегната кожа е чиста кожа

Ако ја чувствувате кожата затегната по миење, веројатно користите пресилен чистач и треба да се обидете со некој понежен. По миењето, најмалку што треба да направите е да нанесете хидратантен производ.

  1. СПФ е задолжителен

Дури и во зима, ултравиолетовите зраци ќе најдат начин да стигнат до вашата кожа. Кога не е сончево можете да спуштите и до СПФ 30, но кога сонцето е прејако, тогаш препорачливо е дури и повисок СПФ, 40 или 50 на пример.

  1. Природно и органско не значи и добро

Многу производи се означени како природни или органски, но тоа не значи дека се добри за вас. Мора да бидете внимателни и со состојките, бидејќи прополис кај некој може да предизвика иритација, чајно дрво да направи црвенило или алое вера да предизвика гумено чувство на кожата. Природните производи, особено ако некој ги прави дома, се полни со различни масла, пчелин восок, сода и други состојки кои може да бидат алергени. На некои луѓе, едноставно, подобро им функционира хемија, отколку органска козметика и нема потреба да се судиме едни со други за тоа.

  1. Маски од храна

Некаде прочитав дека ако нешто можеш да го јадеш, не треба да го ставаш на лице. По филмовите сите сме гледале како тие тетките си лежат со маска на лице и краставица на очи, сме читале за пилингот со кафе и куркума, маски со мед и со лимон за изедначување на тенот, маслиново масло на лице секое утро… Не значи дека ќе ви направат лошо, но помислете само на тој шеќер или тие киселини како ви навлегуваат во кожата преку порите. Не баш пријатно чувство, нели?

  1. Лажен тен го намалува ризикот од горење

Најпрво, колку и да се популарни овие производи, сепак нема ништо добро во тоа да ставате пигментирана козметика која се задржува со денови на вас, а притоа ризикувате да не нанесете доволно рамномерно или со потењето да предизвикате непријатни дамки и сепак да изгорите. СПФ е бог во ваков случај, дури и врз кремите за самопотемнување.