Дечко ми вчера збореше со некоја по телефон. Како еманципирана жена ништо не му кажав вчера. Ниту па денес ќе му зборам!

„Ане нокти евтино“ не работи

Убави нокти и во карантин

Да бидеме искрени сите, карантинов ни промени многу животни навики, а дали ни го смени или допрва ќе ни го менува менталниот склоп останува да видиме.

Она што е сигурно е дека, за да се заштитат себе и семејствата, козметичарите, фризерите и сличните дејности исто така не работат. Од друга страна, ова остави многу девојки со израснати корени и со нокти спремни за корекција која нема да ја видат во догледно време. Сепак ни тоа не е крај на свет бидејќи постојат начини како да останеме негувани и дома. Овојпат ќе позборуваме за ноктите.

Негата е задолжителна, исто како и миењето раце. Долгите нокти во овие прилики се најнехигиенското нешто што можете да си го направите на себе, па затоа скратете ги и почнете да ги негувате редовно, нанесувајќи хидратантни креми за раце и на нив. Уште подобро е ако имате од специјалните средства за нега на нокти. Ако немате, не трчајте да купите, не е итно.

Ако ви се многу суви, можете да ги потопите рацете во топла вода во која сте додале малку млеко и да оставите тоа да ги потхрани и ноктите. Повторувајте го ова 2-3 пати неделно. Внесувајте и храна богата со калциум, за да придонесете нивно обновување и однатре. Можете да намачкате дебел слој кокосово масло и да оставите да се впие убаво.

Обидете се да не користите груби турпии, бидејќи тие се наменети за пластичните нокти или за гелот. Фина турпија ќе ви заврши работа за дообликување на ноктите. Доколку некој се скрши, само потсечете го вишокот со ножички за нокти, без да длабите во кожата, затоа што може да си предизвикате инфекција.

Сосема е нормално што во време на зачестено миење раце и користење дезинфекциски гел или спреј ви страдаат и ноктите. Но, не треба да ги оставите така.

Можете да измешате една лажичка кокосово масло со малку мед и неколку капки сок од лимон. Мешавината нанесете ја на врвовите на прстите, обрнувајќи внимание на ноктите и кожата околу нив. Масирајте ги кутикулите, за да може полесно да се впијат хранливите состојки. По 10 минути масажа, измијте убаво со млака вода и намачкајте се со крема за раце. Овие ситни чекори ќе придонесат за и после карантинот да имате здрави и убави нокти без постојана потреба од надградби и слични козметички интервенции.