А па оние мажи шо немаат муда да ти раскинат па ќе ја напраат врската пекол за ти да ги остаиш…дечко слободно земи си од моите улошки

Главната инфлуенсерка

Бети беше инфлуенсерка уште пред да биде кул

Елизабета I е првата инфлуенсерка во модата. Владеела околу 45 години, период што бил обележан со зголемување на англиската моќ и влијание. Нејзиниот моден стил ја одбележува модата во втората половина на 16ти век. Почнува да ја носи онаа позната голема крагна како симбол на моќен женски владетел. Била екстремно моќна и многу паметна, но за да ја потенцира моќта и нејзината позиција на кралица носела многу накит и фустани украсени со скапи парчиња уникатен накит.  Дворјаните го копирале нејзиниот стил и набрзо трендот се раширил. Сите вешти мајстори за текстил и накит се труделе да дојдат до неа и да и понудат нивна изработка, додека таа често знаела да ги наградува своите дами за нивната посветеност со своите фустани.

 

Елизабета I е позната по тоа што носела многу шминка. Се претпоставува дека како последица од сипаници и останале лузни па со смеса од бело олово и оцет правела подлога за шминка која ја ставала на лицето. Со тек на времето оловото почнало да ја труе. До денешен ден има најпрепознатлив изглед од сите монарси во историјата.