Се додека не измислат други бои за мене црно-бела комбинација е кралица на елеганција

Држете се, иде розoво оваа есен

Среќа па има и други бои

Доаѓа есен за некој ден па да видиме што ќе биде модерно вон регуларните есенски пастелни бои слоевито изнаоблечени. Со топлите бои никогаш не можеме да згрешиме во есен, така, ако сте лик кој знае да чува облека и ја носи повеќе сезони, топла пастелна боја е секогаш кралица во есен. Годинава, освен пастелните, модерни ќе бидат пет бои. Меѓу кои и розова ама не било која туку Барби розова.

Ванила боја. Нијанса во која и да сакаш невозможно е да згрешиш. Одлична за комбинирање, одговара на малку потемнет тен ако уште држите боја од летото, супер за класични модели на облека и омилена на минималистите.

Кобалт сина. Омилената на Kate Middleton. Бојата што одговара на сите бои на коса без разлика дали сте плава, црнка, смеѓа. На црвенокосите секако најубаво. Оваа јака боја спонтано си дојде откако цело лето се носеше светло сина на сите страни. Бојата најмногу доаѓа до израз со сомот, големи развлечени џемпери кои оваа година ќе бидат нешто што мора да го имате, костими со панталони…

Боја на топло чоколадо. Секако нема есен без оваа боја, топла, не многу темна кафена нијанса која се комбинира скоро со сé. Свилени кошули, фустани и панталони, џемпери врз фармерки… никогаш нема да згрешите, едноставно ви стои добро.

Барби розово. Ви текнува на Legally Blonde? Епа тоа. Како го најавија филмот за Барби така бојава страна супер хит кај младите, а се почесто гледаме модели на костими, кошули, елегантни фустани и ѕвонарки. Да, уште носат ѕвонарки, да не ти се верува.

Црна. Ама сé во црно. Елегантна, практична, мистериозна, наречи ја како сакаш, црната е најмодерна боја засекогаш и за секоја прилика. И нема на кого не му стои. И што е најважно, нé прави послаби.