Ако не ми пише до декември ќе си бркам работа, да не мисли ќе го чекам!

Есен во моите цврсти нокти

За беспрекорен маникир

Земете го отстранувачот на лак за нокти и малку памук и избришете ги  „дреч“ нијансите, бидејќи еве каде е есента, треба да се мисли и на маникирот.

Оваа есен можете да си изберете и мат и сјаен финиш, неутрални тонови, па дури и поинтензивни бои од што сте навикнати да носите во есен. Може да одите на профи маникир, па да направите надградба или да ставите гел, а ако сте доволно вешти и не си ги мачкате и ноктите и прстите, тогаш трк во продавница да си ги одберете новите омилени бои, нијанси и финиши.

Очекувајте измодерени нијанси од типот на тегет, виолетова, боја на црвено вино, нијанси на кафеава, жолта и портокалова, впрочем, како што можете да видите на сликиве: