Не знам зошто оставате све на кармата, не е убаво да чекате други да ви ја завршуваат работата

Жане е од Германија

А Пепелашка од Кина

Додека гледаме Дизни цртани филмови за принцези, забораваме дека голем дел од нив се инспирирани од приказните на браќата Грим, а тие пак, се инспирирале дел од народни приказни, но и дел од вистински настани.

Повеќе од јасно ни е дека некои од нив се плод на фантазија, знаеме и дека Покахонтас навистина постоела, но сте претпоставиле ли од каде доаѓа инспирацијата за двете најомилени принцези, Снежана и Пепелашка?

Нивните приказни, всушност, не се толку бајковити како во верзиите на Дизни.

Пепелашка, нели, живее со маќеата и полусестрите, додека татко ѝ е според едни на печалба, а според други веќе мртов. Таа оди на бал, ја губи стаклената чевличка, принцот ја наоѓа и си ја зема да дома. Но, приказната влече корени од Кина и тоа околу 200 години пред нашата ера.

Ји Ксиан била ќерка на аристократ, по чија смрт им служела на маќеата и грдата полусестра. Ситуацијата кулминирала кога тие ѝ ја убиле омилената златна рипка за која Ји верувала дека ѝ ги исполнува желбите. Маќеата и полусестрата заминале на бал, а Ји, свесна за својата убавина, заминала на балот и го освоила синот на домаќинот. И додека сме свесни дека девојка со висина на Пепелашка од Дизни е невозможно да носи чевли број 30, ова нè враќа на една бизарна кинеска традиција, каде малите стапала биле симбол на убавина. Во тоа време, откако датира приказната, жените и девојките од Кина ги врзувале своите стапала, деформирајќи ги, сè со цел да им бидат што помали. Освен деформации на стапалата, ова правело и тие тешко да се движат, што пак, им го искривувало целото тело. За да биде уште побизарно, во некои кинески субкултури, уште се практикува ваквото насилно деформирање на стапалата.

Што се однесува пак до Снежана, таа всушност е инспирирана од германската грофица Маргарет фон Валдек, која умрела откако била отруена од некој дома. Кога имала само 16 години, жената на татко ѝ ја исфрлила од дома, затоа што била вљубена во принц од соседно кралство. Кога некако успеале да ја вратат дома, тензијата меѓу неа и маќеата продолжила и кулминирала со неколкумесечно труење, полека, малку по малку, додека да умре. Интересно е што ниту џуџињата не се измислени. Во областа каде Маргарет живеела имало многу рудници. За рудари ги избирале мажите со низок раст, кои пак, дополнително биле изложени на деформитети поради тесните рударски окна.

Се чини како овие бајки да немале баш и некој хепи енд.