Кој ми го зема сеедното да ми го врати да си го пуштам на најјако

Жената што рече: Треба да ќутам? Важи.

И после доби Пулицер. Прва жена.

Едит Вартон не била само така една обична жена во она време кога жените смееле да читаат, ама претежно нешто не баш напорно, рецепти можеби. Родена на 24 јануари 1862 година во Њујорк, во дом од тие што сакаат да се нарекуваат „олд мани“, со луѓе кои на секој чекор потсетуваат дека богатството и грациозноста се исто што и морал и интелигенција. Спој од скап тепих, студени соби и уште постудени ставови кон женска амбиција. Едит Вартон живеела токму во периодот на кој се однесува серијата „The Gilded Age“, жените биле тука да се дружат со жените кои се мажени и богати. Тие кои мажите ги оставале за други немале веќе статус и било срамота да се дружат со нив. Жената требало да ги почитува високите морални стандарди, нема тука сега што да се покажува амбиција, фустанче, некој прием и седиш дома додека маж ти работи. Тоа е тој убав живот во тоа време. И нормално не можеле да се мажат со кого сакаат и немало таму она што да сака, мора мажот да е од ист ама пожелно од повисок статус и побогат секако. Потоа ги спојувале богатствата со семејството на жената и си работеле мажите, жените се чешлале. Но, така изгледало само, под идеалната слика на морално совршени семејства се криел еден блуд и разврат, лицемерие и тајни кои биле скроз поразлични од високата аристократска слика. Летале писменца тоа мажени женети, се гледале по викендици во тоа време познати како летна куќа, си праќале поклончиња, не се знаело кој статус чив е, било едно декадентно време покриено со свилен морален чаршав насликан со безгрешност.

Малата Едит, наместо да се занимава со везење или со прецизно фрлање лажни комплименти, почнала да пишува. Тајно, како криминалец што шверцува мисли. И нормално, добила коментари што секоја жена со мозок во тоа време ги слушала: „Ох, душо, слатко хоби. Ќе ти помине.“ Но таа продолжила. Нежно, учтиво, им  се смеела на целиот систем додека се преправала дека само прави литература. И дошол моментот кога тие исти луѓе што ѝ шепотеле „не се истакнувај многу“ одеднаш биле во шок дека таа нема намера да престане. Посебно семејството, они биле скршени од срам што нивната ќерка фатила да мисли па уште и да пишува. Едит пишувала исклучиво за лицемерието на општеството и за лажната слика. Пишувала дека жените што нежно климаат со глава додека пијат чај секое попладне добиваат писма од други мажи, пишувала дека целото општество е подредено така да и најнеспособниот маж има пари од неговите и од жена му иако нема појма како да инвестира, пишувала за тоа дека општеството се подредува по тоа да на мажите им е се дозволено, а жените се калапираат како убави предмети дома но само ако биле богати. Другите можеле само да слугуваат, се знае редот. И се тоа спакувано во убава литература, не таблоидно, многу брзо ја прославило. Првенствено меѓу средната класа тоа се оние кои им слугувале на аристократите и им ги знаеле тајните, како и оние што биле учители, гувернанти и слично. Високата класа веќе била во шок од кршењето на сликата на идеалност и се направил мал хаос во општеството.

Во 1885 година се омажи за Едвард Вартон – избор што на хартија изгледал правилен, во реалност школски пример за тоа „како да препознаеш дека општеството не ти мисли добро“. Ментално нестабилен, емоционално лабав, и, најважно, доволно традиционален за да ѝ објасни дека амбиција кај сопруга не изгледа баш „убаво“. Бракот траел додека не морал веќе да трае, па на Едит во 1913 година и пукнал филмот и му рекла ајде сега земи тоа пердувот со мастило и да потпишеш тука развод. И се можело, богата била, позната била, преку глава и било да ја прават ненормална дека го уклучува мозокот, си уживала во својата слобода и продолжила да пишува со уште поголема острина. Едит Вартон напишала над 40 дела во текот на својот живот, иако точниот број зависи како се бројат кратките раскази, есеи и новелите. Романи: околу 12–15, вклучувајќи ги „The Age of Innocence“, „The House of Mirth“, „Ethan Frome“, кратки раскази стотици, собрани во повеќе збирки, нон-фикција: книги за архитектура („The Decoration of Houses“) и патувања. Многу сакала да патува. Во суштина, таа имала многу продуктивна кариера, со комбинација на фикција, есеи и практични водичи — што е прилично впечатливо за жена што го живеела „ќути, жена си“ периодот.

Едит Вортон ја доби Пулицеровата награда во 1921 година за романот „The Age of Innocence“ (Ерата на невиноста). Романот ја прикажува високоопштествената елита на Њујорк во доцниот 19 век, со сите нивни строгости, лицемерство, правила и ограничувања, особено за жените. Иронијата е во тоа што наградата се доделува за дела што промовираат „високи морални вредности“, а Едит со својата книжевна анализа всушност фино и саркастично ги критикува овие „високи морални вредности“. Со тоа, таа стана првата жена што ја добила Пулицеровата награда за фикција, и тоа токму со дело кое покажува дека жените не се само украс во општествениот салон, туку носат цел свет на ум и чувства. Најслатката одмазда е кога ќе победиш токму таму каде што најмногу не те сакале.

Подоцна, Едит се преселила во Франција. Не можела веќе да го гледа лицемерието и глумењето висока класа на бедниците па отишла во средина каде повеќе се ценат уметниците и се мотивираат меѓу себе. Пишувала, патувала, правела хуманитарна работа во Првата светска војна – додека нејзините поранешни „фини“ познанички претпоставувале дека женската помош најмногу се состои од носење супа со правилно држење на телото. И таму, далеку од салонскиот театар на Менхетен, ја изградила сопствената верзија на мирен живот – со книги, со ум и со достоинство за што никогаш не требало да бара дозвола. Умрела на 11 август 1937 година во Франција, тивко и смирено, како некоја што одамна победила.