Денес се качив на толкави штикли шо на тие од први спрат им ѕиркав дома

Идат метални маскари

Збогум на тие со влакненца

Првата маскара ја има произведено Римел, па затоа и често ќе слушнете некој да ја вика маскарата римел. Досега имаше маскари со апликатори со влакненца, оние кои задржуваат трепки па се случува да ни солзи окото од остатоците на влакненцата. Веројатно најубав апликатор за волумен ама најнечист. Потоа излегоа силиконските, кои беа нешто подобри, не прават волумен како апликаторите со влакненца ама многу повеќе ги издолжуваат трепките. Сега све тоа ние ќе пензионираме и маскарата добива ново пакување прилагодено за чистење, дезинфицирање и што е најбитно за подолготрајна употреба. Апликаторот не го фрлате кога ќе се потроши маскарата, купувате само маскара. Металниот дел нема врска со формулата на самата маскара, туку со нејзиниот начин на нанесување. Наместо пластичните или силиконските влакна налик на чешел на кои сте навикнати, металната маскара има тенко стапче од не’рѓосувачки челик, налик на намотка, кое е без влакна.

Додека повеќето конвенционални стапчиња за маскара е невозможно да се исчистат, металните стапчиња за маскара може да се дезинфицираат помеѓу секоја употреба. Трикот за нанесување на маскара со метално стапче е да ги усогласите трепките со ситните гребени и да поминете директно нагоре и нанадвор, помагајќи да се оддели секоја трепка и темелно да се премачкаат со едно нанесување. Слично како силиконските стапчињата кои досега ги користевме.

Металниот апликатор налик на намотка ги крева и издолжува трепките без да ги прави да изгледаат премногу драматично, за изглед на шминка „без шминка“. Тенкиот метален апликатор стига до ситните трепки на внатрешните агли без опасност да си брцнеме во око, а водоотпорната формула може да преживее топли, влажни денови. И не заборавете, вадете шминка пред спиење.