Веќе не се мерам на вага, застанувам врз плочката, ако се скрши – здебелена сум

Има лек и за разочарувањата

А тие и не се толку лоши

Секој од нас барем еднаш во живот бил разочаран, соништата му биле срушени и не го добил она за кое се трудел, вложувал и напорно работел. И сосема е нормално да сме разочарани во такви моменти.

Тоа може да се случи на работа, во семејството, со партнерот или со некој со кого сте излегле на неколку состаноци, ама не сте на иста бранова должина, па дури и за резултатите од вашата напорна работа, кои не се доволно ценети.

За волја на вистината, разочарувањето е претешка негативна емоција, која има толкава моќ да затскрие сè друго што ни се случува и да ни оневозможи привремено да ги видиме сите други нешта околу нас и да се чувствуваме ужасно, мислејќи дека ништо добро не ни се случува во живот.

Проблемот лежи во значењето кое му го даваме на разочарувањето. Реално, чувството е одвратно, но не доволно вредно да се „тепаме“ себе со него и да го интерпретираме како најголема трагедија што можела да нè снајде. Во моментот е тешко да се сетите на тоа, но после секое разочарување сфаќате дека всушност ви правело место за нешто подобро. На вас е дали тоа ќе ви биде причина за крајно да кренете раце или да оставите простор за она што доаѓа.

Не давајте му на разочарувањето лични и застрашувачки размери

Разбирам дека се чувствувате како отпад и дека сериозно боли, а знам и дека сте вложиле многу за да спречите такво нешто. Но, потсетете се себе дека подобро е сега да не функционира, отколку да дадете уште повеќе од себе и да заврши со омраза и фрустрација. Сетете се и како го преживеавте претходното разочарување. Живи сте, здрави и тоа е најважно. Сè додека е така, ќе имате и успеси и разочарувања. Не го земајте тоа премногу лично, бидејќи не е. На некои работи не можете да влијаете, но можете да се контролирате себе и вашиот став во однос на тоа.

Можеби не бевте доволно добри, но можеби и таа ситуација не била добра за вас. Животот некогаш наоѓа многу чудни и болни начини да ни одржи животни лекции. Разочарувањето е тешко, но не е нужно лошо. Не ја запирајте својата борба никогаш.

Секако, најважното нешто што можете да го направите е да научите нешто од тоа искуство. Дури и најдобрите некогаш биле одбивани, но знаеле дека вреди да се обидат повторно, додека да го постигнат она за кое се борат. Па така и вие. Следниот пат постапете поинаку, или пак држете до своето, но со луѓе кои знаат тоа да го испочитуваат.