Луѓето “не сум јас таков” се секогаш такви!

Исфризирај се есенски

И стил и нега

Есента ни носи променливо време и еден ден ќе биде топло, следен ден ќе врне, па ветровито, па пак сончево и ваквите промени се вистински стрес са косата. Но, тоа не значи дека треба да ја оставиме така.

Во лето најчесто не се препорачуваат силни средства за нега, но во есен можете да се вратите на фарбањето, ако баш сакате да смените нешто. Во прв момент, прилагодете ја негата на новите климатски услови и користете хранливи маски и секако, шампон кој одговара на вашиот тип на коса.

Како што гледам од трендовите, оваа есен повеќе ќе се носат кратки фризури, наречени „боб“, но она што е различно од претходно е дека не мора многу посветено да ја фенирате и пеглате, туку дека може да помине и со локни и со бранови, а ако додадете и посветли прамени, резултатот ќе биде уште подобар.

Ако не сакате да ја кратите, тогаш оставете ја должината, средете ги испуканите врвови и носете ја лежерно пуштена и малку стилизирана со пена за коса.

Текстурата е исто така битна и оваа сезона можете да си поиграте со „степените“ и сето тоа да го надполните со некоја топла нијанса на бојата на косата, без разлика кој стил ќе го изберете.

Најхрабрите овојпат може да се обидат со целосно кратење на косата, кај фризерките познато како „машка фризура“, но за ова е битно да ви стои на обликот на лицето, но и општо на самата глава.