Ако е големо – ќе се собере! Ако е тесно – ќе се пушти, ќе се пушти!! Македонска продавачка секогаш, секаде.

И емпатијата изморува

Заштити се веднаш

Имаме емпатија кон послабите од нас, кон поизмачените од нас, кон подобрите, кон полошите, кон фрустрираните, кон сите, влегувајќи во круг на емпатија во кој сочувствуваме со секого, освен со себе.

Ова стана уште поизразено во текот на пандемијава, веројатно затоа што наеднаш добивме повеќе време да мислиме на работи на кои не сме мислеле претходно. И што се случи? Прегоруваш од сожалување. А тоа е далеку oд добро.

Прочитав некаде дека во последнава година ова најчесто им се случува на лекарите и на медицинските лица, кои секојдневно се грижат за стотици пациенти, им даваат терапија и им помагаат полесно да се носат со симптомите на коронавирусот. Дополнително стрес прави кога овие пациенти имаат и други здравствени нарушувања, а вирусот им ги влошува симптомите. Но, ретко кој ги прашува како им е кога ќе си отидат дома, бидејќи за тоа учеле. Е баш и не е така.

Сигурно и самите сте забележале колку изморува кога имате емпатија кон другарката која раскинала, кон онаа со семејни проблеми, кон роднините кои наеднаш останале без примања, кон маалските миленици, кон колегите кои потешко се снаоѓаат од вас, и што? На крај завршувате преморени од таа емпатија и сте прегорени од грижа за другите, заборавајќи се себе.

Сигурно мислиш дека си најсилен/најсилна, дека можеш многу да поднесеш, дека гледаш дека може и полошо од твоето, но запомни дека твојата улога не е да бидеш потпора на секого. Некои луѓе го заслужуваат тоа, но на некои доволно е само да им се покаже разбирање и да не земате ништо од тоа при срце и да дозволите да ве мачи и дома.

Ваквото прегорување има и симптоми, како иритираност, мислење на туѓи проблеми, тешкотии со исполнување на личните обврски, желба да се изолирате од другите, чувство дека имате обврска некому да помогнете, но немате сила за тоа… Ако сте личност која е емпатична, многу веројатно и страдате од тоа.

Навистина, доволно е само да покажете разбирање во моментот и да си дадете доволно време да се ослободите од ваквите навики. Наместо кон другите, покажете внимание, сочувство и емпатија кон себе. Штедете се самите, за да имате сила за оние кои се навистина вредни, наместо да ја трошите залудно на луѓе кои имаат капацитет самите да се носат со своите проблеми, но полесно им е да вовлекуваат и други во тоа.