Ништо не ти отвара апетит повеќе од зборот диета

Како да се вљубиш во животот

Ако уште не си

Ако некогаш сте се почувствувале дека сè иде надолу, а вие сте немоќни да направите што и да е за да го вратите, сигурно знаете и дека тоа не трае вечно и дека по некое време се враќаме во нормала.

Но, животот е таков, постојано ни носи и промени и падови и успеси, а ние никако да научиме да го сакаме дури и кога се чувствуваме како да не е фер со нас. А, луѓе ко луѓе, кога нешто ни оди лошо, не можеме да си помогнеме, а да не си правиме сценарија дека ќе биде уште полошо.

Наместо споредби, ценете се себе. Лошите искуства гледајте ги како лекција и како тренинг за издржливост. Постои излез од многу ситуации, само треба да го најдете вистинскиот.

А доколку тоа го правите со љубов, ќе поминете многу полесно. Затоа, станете си свој најдобар пријател на следниве начини:

Научете да примате љубов

Тоа е подеднакво како и давањето. Не можете да мислите дека е доволно само да сакате и не се задоволувајте со трошки внимание, бидејќи заслужувате да бидете сакани.

Бидете благодарни

Благодарноста ги менува животите, отвора врати, но и ве прави поподготвени на различни промени и предизвици.

Живејте за денес

Заборавете го она што останало во минатото, живејте го денешниот ден и бидете подготвени за предизвиците кои може да ви ги донесе иднината.

Вие први, после сите други

Ова не е себичност, туку грижа за себе. Не сте лоша личност ако се изберете себе, а другите ги оставите после вас. Научете да кажете „не“ кога треба и посветете си повеќе време на личен развој.

Реални очекувања

Убаво е да имате очекувања, а уште поубаво е да останете реални и приземни и да знаете колкави ви се капацитетите.

Сакајте го телото

Лесно е да се споредувате со друг и да бидете незадоволни. Но, ако почнете да се грижите одговорно за своето тело веднаш ќе почнете да ја цените неговата различност.

Ценете ги своите знаења

Знаењето и искуството кои ги имате никој не ви ги подарил, па затоа не сте должни ниту вие да ги подарувате. Тоа што сте успешни не ви следи по дифолт, туку затоа што сте вложиле во себе.

Почитувајте се

Ако не го правите тоа самите за себе, нема да го прават ни другите, просто и едноставно.

Дајте си време за себе

Ценете го личниот простор, сопствените финансии и времето кое си го посветувате. Отидете во кино, купете си нешто убаво и не жалете за парите, бидејќи знаете дека тоа го заслужувате.

Слушајте го внатрешниот глас

Ако се двоумите за нешто, послушајте што интуицијата ви кажува. Таа ретко греши, да не речам никогаш.