“Музиката ги прави мажите попривлечни”…па шознам ако слуша Аца Лукас не знам баш…

Колку пари требаат за среќа?

Може ли да биде бесплатна?

Една од најпознатите поговорки е „Среќата со пари не се купува“, а има и поборници на сосема спротивното – мора да имаш пари за да си купиш среќа.

Во денешно време се ни е сведено на трошење пари – даноци, кирии, долгови, општо речено, целото преживување. Но, нашите заработени пари освен порамнување на долгови, ни носат и одредени задоволства, особено ако имаме доволно за да си го купиме она што сакаме.
Но, во исто време знаеме и дека има многу луѓе кои не се соодветно платени, кои земаат незадоволителни плати и кои немаат време да бидат среќни, затоа што веќе се презафатени со работа.

Постои ли идеална сума на пари која би нè направила сите среќни?

Најбитните фактори во заработувачката се трошоците за живот и емоционалната добросостојба. Она што е интересно е што сите се водиме од тоа колку повеќе пари, толку подобро. Тоа тера да се запрашаме дали постои нешто како што се премногу пари, што ги води луѓето до граница на незадоволство и лош живот, само поради тоа што имаат повеќе од што можат да потрошат?
Парите ни даваат слобода. Можеме да си купиме што сакаме, да јадеме во ресторан секој ден, да платиме некој да работи за нас и теоретски би требало да сме најсреќни на светот. Но, многу од оние кои го постигнале тоа, се во исто време несреќни и неисполнети, иако мислеле дека тоа нема да се случи.
Јас сепак сметам дека голем дел од среќата може да се купи со пари, особено кога зборуваме за материјалните аспекти во животот – сопствен стан или куќа, убав мебел, модерна облека, како и секое материјално задоволство кое можеме да го замислиме, вклучувајќи и одмори и патувања. Но, има нешто и во семејството, пријателите, споделената среќа, споделениот оброк и заедничкото патување.
Идеална сума не постои. Вие самите ја одредувате. Тајната е да се најде балансот до каде помагаат парите, а што зависи од она какви луѓе сме и што сакаме од животот. Тогаш навистина ќе можеме да кажеме дека сме среќни.