Некои луѓе ти зборат зад грб…тоа е затоа шо се поЗАДи тебе. НаЗАД. Кај шо ти е ЗАДникот.

Малку повисоко од високото ниво на арт

Кога ги гледаш сликите на Monica Rohan добиваш впечаток дека тие се живи, дека фигурите дишат, се движат, мрдаат, па дури и се обидуваат да ти раскажат некоја приказна.

Секоја слика има главен лик и прекрасна околина која го опкружува. Инспирација наоѓа во книгите кои ги чита и ужива кога фикцијата ја преточува во своите дела. Со помош на форми, фигури, бои и текстури таа креира неповторливи дела кои се во совршен баланс иако изобилуваат со детали.

Читајќи, таа наоѓа начин ликовите кои ѝ се допаѓаат да ги интерпретира преку својот уметнички стил, а се инспирира и од дел од своите омилени фотографи. Нивните дела, ликовите од книгите и нејзиниот талент за комбинирање на детали резултираат со необично совршени дела.