Колку и да ти е голем куферот несесерот не ти го собира

Моја бесмртна љубов

Малку да се разнежниме пред Валентајн со љубов

Лудвиг Ван Бетовен наравил револуција во музиката и ја ослободил од зависноста на покровителствата од аристократијата. Бил еден од првите композитори кој живеел од својата заработка, а не од спонзорствата на богатите. Неговиот карактер најдобро се гледа во Третата симфонија која најпрво била напишана за Наполеон, кој живеел во исто време со Бетовен, кого го обожавал се додека не се прогласил за цар. Бетовен опасно се разбеснил и решил место нему симфонијата да ја посвети како „спомен за еден голем човек“

Губењето на слухот било ужасно за него како голем композитор и генијалец што го довело и до работ на самоубиство, измачен и депресивен. Никогаш не се оженил но неколку пати бил многу заљубен во свои ученички воглавно аристократски ќерки.

После неговата смрт најдени се три љубовни писма кои се адресирани до неговата „бесмртна љубов“. Ако не сте го гледале филмот со Гери Олдман “Моја бесмртна љубов“ одма да го пуштите.  На писмата немало датум но се претпоставува дека се однесуваат на Антонија Брентано од Виена мажена за трговец од Франкфурт

Ангелу мој, мое сè, суштество мое – само неколку збора денес, и тоа со твојот молив – само до утре е извесно моето живеење овде. Колку одвратно губење на време за такви работи – зошто е оваа длабока болка, каде што зборува неопходноста? Може ли нашата љубов да опстане, а тоа да не биде преку жртвување, без да изискува и без да бара сè? Зар не можеш да го измениш тоа, тоа што не си целосно моја, што јас не сум целосно твој? О Боже, гледај ја прекрасната природа и усогласи го својот ум со незибежното. Љубовта бара сè, и апсолутно има право, и затоа ти мораш да бидеш со мене, а јас со тебе – само што ти толку брзо го забораваш тоа, што јас морам да живеам за тебе и за мене – кога би биле сосем обединети, ти би го забележала тоа болно чувство барем колку и јас…

…Извесно е дека набргу би морале да се сретнеме, зашто ни денес не можам да ги соопштам, своите забележувања, што деновиве ги запишав за својот живот – кога нашите срца би биле блиски, веројатно не би ги забележувал таквите работи. Да бидам искрен, срцето ми е полно – во некои мигови сфаќам дека зборовите не значат ништо. Разведри се – остани мое вистинско и единствено богатство, мое сè, како што сум ти и јас тебе. За другото мораме да ги почекаме боговите, зашто тоа што мора да биде за нас, навистина ќе биде.

Твојот верен

Лудв