Не можам да читам меѓу редови, не догледувам!

Не му се свиѓаш и тоа е ок

Не може на сите да им се свиѓаме

Момците често даваат многу специфични знаци дека не се заинтересирани. Мажите не се секогаш најдобри вербални комуникатори, но ќе ви биде многу подобро ако почнете да приметувате некои знаци. Постојат многу знаци на привлечност што мажите и жените ги покажуваат кога имаат интерес еден за друг. Гледајќи и темелно набљудувајќи го говорот на телото и општото однесување на личноста, можете да заклучите дали тој или таа има интерес за вас или не.

Да видиме неколку знаци што ги покажуваат момците кога не им се допаѓа девојка.
Држи дистанца, избегнува физички контакт со вас (т.е. без допирање или гушкање) и поинтересни му се другарите или други девојки во околината за разговор иако пробувате да го вклучите во вашата конверзација.
Многу почесто е интерактивен кај други девојки на социјалните мрежи отколку кај вас. Претпочита да се дружи и да поминува повеќе време со други, не ве вика за дружење често. Бара внимание ама не баш вашето.


Изгледа незаинтересиран за работите што ги правите. Љубезен е и културен но не сака многу да знае за работите во кои ја вложувате вашата енергија или работите кои ви се интересни. Неговиот контакт со очите со вас не трае долго. Не се насмевнува и не се смее кога сте заедно и не се смее на вашите шеги. Не учествува во разговорот или е dry texter што одговара кратко ради реда.
Бара совет од вас за неговите односи со други девојки. Веројатно ве гледа како другарка, а може ни тоа, или неговиот разговор со вас е строго „професионален“ и се врти околу нормални работи, ниту ве флертка ниту се закача. Тој не ви честита кога правите нешто извонредно или посебно, на вашата возбуда одговара без ентузијазам.


Вие секогаш му пишувате први и почнувате разговор, а зборовите му ги влечете со јаже и тоа обично трае неколку минути и толку. Не го интересира каде и со кого одите. Ве избегнува вас и местата каде што излегувате. Доколку се најдете во ист клуб не се ни поздравува со вас иако ве видел. Не ви се јавува освен ако нешто му треба. Не е многу загрижен ако имате некој проблем или нешто ве вознемирува.
Избегнува да излезе сам со вас или не сака да биде виден на само со вас. Ако го викнете вие на кафе секогаш има нешто поради што не може да дојде. Дури и работите кои не му се толку важни се чини дека се поважни од вас, а тој повеќе би сакал да се бави со тие работи отколку да поминува време со вас.
Не се обидува да ве импресионира. Не ви посветува внимание, не споделува со вас радосни работи.


Едноставно, не му се допаѓате и тоа е сосема ок. Не мора на сите да им се допаднете, а и не треба тоа да го очекувате. Колку и да ве фаќа инает зошто не му се допаѓате, не напнувајте токсично со уште повеќе комуникација, така нема да му се засвиѓате повеќе. Ако немате заеднички работи или не сака ни муабет да сврти, а ни време да одвои за вас, што ќе ви е да му се свиѓате на таков лик?
Тоа што вие треба да го направите е да се повлечете малку. Ако сте му го дигале егото и сте му покажувале валидизација престанете со тоа. Не инвестирајте во релации кои се еднострани. Не му се свиѓате и тоа е ок. Никогаш, ама никогаш, не смеете да си речете зошто не му се свиѓам, што ми фали. Ништо не ви фали, едноставно има други критериуми за тоа што му се свиѓа. Ако сте вие забавна и интерактивна личност, можеби сака девојки кои се поповлечени. Може да сте презгодна, а тој може сака девојки кои не вежбаат. Може има пониска самодоверба и е несигурен. Може не му се свиѓате физички како изгледате, тој сака да речеме пониски или повисоки девојки. Можеби е површен лик. Ништо од тоа нема врска со вас дека вие негде грешите или нешто ви фали вас па да се разочарувате. Не ви треба никој кој не наоѓа време за вас. И ок е да пробате да видите дали ќе се опушти, ама ако видите дека и понатака е незаинтересиран, до тука е. Сочувајте го достоинството и повлечете се. Обрнете внимание на луѓето кои всушност имаат време за вас. Не се трудете околу луѓе кои не се трудат околу вас. Никогаш.