Многу е убаво така од нигде никаде без повод кога ќе ти стигне букет цвеќе…сум гледала на филмови!

Остани своја кога си во врска

Не го губи идентитетот

Кога започнува врска, до одредена доза е нормално и едниот и другиот партнер да се променат, со цел да се адаптираат еден на друг и да ја пронајдат златната средина која ќе им помогне заеднички да функционираат.

Но, ако почнат вашите блиски да ви приговараат дека покрај партнерот не сте свои, дека премногу се прилагодувате на него и наеднаш, ненадејно почнуваат да ве интересираат само нешта кои го интересираат и него, тогаш редно е да се запрашате дали го губите своето јас? Не, другарките не ви се љубоморни на среќата. Не, ниту семејството не ви љубомори, ниту завидува.

И не, ако не ви се допаѓа новата серија на Нетфликс вас, а на партнерот му е прејака, нема потреба да глумите дека ви е интересна. Не мора ни да глумите дека ве интересира спорт, ниту козметика, ниту автомобили, ниту мода, со цел да одглумите компатибилност и да се лажете себе дека сте исти.

Па, да видиме вака:

  1. Прво ти, после партнерот

Не дозволувај да занемариш како ти се чувствуваш, само затоа што си сконцентриран/а на врската и на потребите на партнерот. Стави ги своите чувства и потреби како приоритет. Ова е првиот чекор во избегнувањето да се изгубиш себе.

  1. Научи повеќе за приврзаноста

Луѓето со полошо ментално здравје, понестабилни емоции и нарушена самодоверба постојано имаат потреба партнерот да ги афирмира. Иако ви се чини како надополнување еден со друг, вистината е дека се создава нездрава врска на зависност од туѓото одобрување.

  1. Задржи ја автентичноста

Ако пред врската си имала одредена омилена храна, физичка активност, музика, места за патување и одмор, а сега наеднаш не можеш на пола од нив да се сетиш, тогаш ја имаш изгубено сопствената автентичност и својот нов идентитет го градиш врз омилените нешта на партнерот.

  1. Дозволи си и малку ранливост

Откриј некои делови од себе пред партнерот кои те прават ранлив/а. Тоа е еден сигурен метод да откриеш дали ќе има разбирање и емпатија или ќе ти се потсмева на ранливоста и ќе ја употреби подоцна против тебе. Не останувај со некој што ќе го прави второто.

Дури и кога сме со вистинскиот партнер, не е поентата да станеме хомогена маса на мисли, ставови и верувања. Колку поавтентични сте, толку поголеми се шансите и да го задржите своето „јас“, но и да формирате врска која ќе се заснова на вашата уникатност и индивидуалност, создавајќи реална, а не привидна компатибилност.