Еден вирус да е на цел свет јас ќе го фатам. И еден кретен да е на цел свет..

Промените почнуваат со фризурата

Кога сакаш нешто да смениш

Мерките за изолација и дистанцирање олабавуваат, а нешто што многупати го чувме и прочитавме периодов е дека на повеќето им се прави промена на косата.

Некој има идеја да ја крати, друг да ја офарба, трет да проба некоја луда комбинација на бои, што беше доволно да сфатам дека коронава некако ни влијае врз желбата да направиме некаква екстремна промена на фризурата.

Изминативе месеци светот е секаков освен нормален, луѓе губат работа, бизниси пропаѓаат, се работи со намален капацитет или воопшто не се работи, психолозите имаат екстра обврски поради оние кои не се чувствуваат добро во изолација, за лекарите нема потреба да зборуваме… Многу од нас конечно си го посветија на себе времето кое си го должат години наназад. Но, една појава е заедничка за скоро сите девојки – желбата за промена на косата.

Некои сами интервенираа со ножици (не го правете тоа сами), други решија да експериментираат со бои и бланшови, оние не толку самоуверените пробаа со колор-шампон или привремена боја, но на што се должи ова? Да се вратиме во времето кога животот ни беше нормален. Големи промени на косата правиме кога ни се случува и реална промена во животот, раскинување, промена на работно место, промена на стан, раскинување, нешто што ни е ризично, ама пак го правиме, а да, и раскинување. Во глобала, секогаш кога имаме некој стрес, ама излегуваме како победници.

Промена на физички изглед, надежно на подобро, е еден од начините на справување со болка. Изолацијата и карантинот сами по себе и не се толкава болка, ама дека ни направија стрес, ни направија и тоа е факт. Друга работа е што сите некако имаме потреба да докажеме (а најмногу на себе) дека од ова можеме да излеземе негувани, ослабени или нездебелени, средени, дотерани. На тој начин си покажуваме дека имаме контрола врз себе и дека не се даваме така лесно на еден вирус.

Кога ни се допаѓа што гледаме во огледало, автоматски се чувствуваме подобро. Како што миневме многу време дома, почесто се гледаве во огледало и нормално ќе си здосадиме на себе. Дали ќе видиме многу промени после КОВИД-19? Ќе дознаеме многу скоро. А и ништо не е лошо во тоа да сакаш промена.