-Бабо не ми се јаде, од ручек доаѓам! -Касни само кременадла, така без леб!

Селфи во селфи на артовски начин

Дечково се вика Seamus Wray и благодарение на својот екстра талент, го однесе селфито на едно толку високо ниво, што погоре и нема каде, без филтри, без ефекти, без Снепчет.

Тој самиот наслика (точно, наслика) серија од автопортрети кои вклучуваат автопортрет во автопортрет и автопортрет. Најпрво се наслика себе како се слика себе и истото го повтори дури пет пати, а на крај во сето тоа ги вклучи и мачките.

Оние кои ја следат неговата работа сигурно се запрашаа „Што е следно?“ бидејќи се чини како оваа низа никогаш да не завршува, а можеби и кај и да е, ќе се наслика себе уште еднаш. Да бидеме реални, ова со предна камера не се постигнува.

Шејмус досега си има насликано неколку автопортрети, но оваа серија му е врвот, а и реално додека ги гледав сликите, не можев да не се запрашам не му здосади ли? Сепак, она што не можеме да го одречеме е неприкосновениот талент. Во неколку интервјуа најавил и дека нема намера да ја запре оваа серија, која како што ќе се зголемува, толку потешка ќе биде за изработување и запазување на клучните детали.

Да не должам многу, видете сами за што станува збор: