– Срце, се љутиш за нешто? typing………………..typing……………..typing…………..typing………… – НЕ!

Се живее ли со „burnout“?

И како да се направи тоа?

Најлошото нешто со „burnout“ или прегорување од секојдневните обврски е што доцна го забележуваме, па дури и го игнорираме.

Многу луѓе на почетокот на пандемијата конечно добија шанса да одморат од секојдневието и всушност им се допаѓаа сите тие полициски часови и рестрикции. Што на некој начин е и тажно, бидејќи требаше да се случи такво нешто за да можат да запрат со се што прават и да погледнат малку кон себе. Голем дел од нив закрепнаа уште во првите неколку недели и се чувствуваа поспособни и поодморени од кога било.

Проблемот лежи во тоа што речиси и да сме прифатиле дека е во ред да се чувствуваме исцрпено и да немаме енергија за дополнителни активности. Или пак, да го полниме своето време со работа, вежбање, дружби, дополнителни ангажмани и да легнеме да спиеме. Колку од вас се буделе поуморни отколку кога си легнале?

Не, не е во ред да не се чувствувате добро и удобно. Не треба да е така. Нормално е во различни фази од животот да имате повеќе или помалку обврски, но не е нормално да имате време само навечер да си легнете.

Освен што го јаде вашето ментално здравје, прегорувањето може да предизвика и физички нарушувања, како болки во мускули и зглобови, проблеми со варење и пречести настинки. Едноставно, телото нема време да ја врати изгубената енергија, па почнува да ви испраќа други предупредувачки знаци да престанете со тоа што го правите. А вие? Ги игнорирате.

Откако ќе се научите да не го правите тоа, ќе сфатите дека:

– Не сте сами во целиот процес

– Потребно е да си одредите време за себе во денот

– Да направите рутина со која нема постојано да бидете во брзање

– Треба да направите се што е потребно за подобар сон ноќе

– Групирајте ги апликациите поврзани со работа во посебен фолдер

– Релаксирајте се онака како вам ви одговара, ако треба и медитирајте

– Контролирајте ги паничните напади поврзани со работа

– Направете плејлиста со музика која ја сакате

– Правете мали, но промислени чекори

Излегувањето од фазата на „burnout“ некогаш може да се случи преку ноќ, но некогаш може да трае со недели.

Можеби е време да ги земете оние 2-3 дена одмор кои фирмата ви ги должи или пак, да останете еден викенд дома, без да договарате ништо, за да можете да закрепнете. Некогаш и излегувањата, патувањата и дружењата можат многу да ве изморат и воопшто да не ја подобрат ситуацијата.

Не, ако не сакате навистина не мора да одите со пријателите во кино или во посета на некои роднини. Одморете онака како што вам ви одговара, бидејќи вие сте оние кои ги слушаат потребите и пораките на сопственото тело.

Да се биде прегорен од работа не е воопшто кул и затоа не треба да ги игнорирате првите знаци кои организмот ќе ви ги даде. Точно е, со ваква состојба ќе преживеете и веројатно ќе ви се повтори некогаш во иднина. Но, најдобро е да препознаете симптомите навреме и да научите како да ги надминете, наместо да се навикнувате на живот со нив.