Македонски начин на одјебуење: -Те барам од понеделник!

Се намалува ли споделената тага?

И кога не помага да зборувате за тоа?

Тагата и жалењето се нормален дел од животот, кога треба да се избориме со некоја загуба. Сите знаеме дека не можеме секој ден да бидеме подеднакво среќни. Некогаш некој кој го сакаме ќе почине, некогаш ќе замине далеку од нас, со некого ќе треба да се разделиме, а сето тоа боли.

Боли и за губење на милениче. Боли дури и за изгубен драг предмет. Многумина ќе речат дека е добро да зборуваме за тоа, да го исфрлиме од себе. Некогаш, кога гласно зборуваме за загубата, нашите мозок и тело го прифаќаат фактот и се подготвуваат за живеење со новата состојба. Но, има ситуации во кои може да биде уште полошо за вас.

Кога никој не ве разбира

Вашата болка ви е вас најголема, мојата ми е мене… Сигурно ќе најдете емпатија, па дури и рамо за плачење. Но, има нешто што многу фрустрира, а тоа е кога другата страна не ве разбира. Можеби за нив вашата загуба е минимална или незначајна. Таквите прават да се чувствувате полошо, со тоа што ќе се обидете уште еднаш да се „отворите“ и да ја споделите болката. Можеби и навистина не е голема загуба, но тоа треба самите да го сфатите, откако ќе го „одболувате“ она што ве мачи.

Кога не забележувате напредок

Да биде јасно, болката е со нас и ќе си постои секогаш, но во даден момент животот ќе мора да се врати во вообичаениот тек. На некои луѓе секое потсетување ги враќа на почетокот. Затоа тие избираат да молчат, а вие сте тие кои треба тоа да го почитувате. Нив им е навистина тешко, а сигурно ви било и вас кога се случило нешто немило. Во одредени ситуации зборувањето за болката може да биде контрапродуктивно и личноста да заглави во тој момент, без да си даде можност да мрдне напред.
Кога боли, најдете го начинот на справување кој функционира за вас. Многу луѓе ќе ве нервираат и ќе сакаат да извлечат што повеќе емоции од вас. Но, отворете се само ако ви е полесно така. Ако тоа ве навраќа на болката, останете тивки. Правилен начин нема – правилен е само тој кој функционира за вас.