Јас аларм можам да игнорирам, не па тебе

Сувото лице и брчките се братучеди

Спасувајте го лицето

На високи температури, негата на лицето станува особено важна за одржување на здрава и сјајна кожа. Високите температури можат да предизвикаат додатни предизвици за кожата, вклучувајќи претерано лескавање, дехидрација и сушење на кожата. Дополнително и седење во климатизирана просторија може да ја суши кожата, затоа постојат препарати што можете да ги носите и надвор од дома за да ја хидрирате кожата во секое време.

Користете заштитен крем за сонце: Примената на заштитен крем за сонце со широк спектар може да го заштити лицето од штетните УВ зраци на сонцето. Изберете производ со соодветен SPF (фактор заштита од сонце) за вашата кожа и нанесувајте го редовно, особено ако се изложувате на директна сончева светлина.

Хидратирајте ја кожата: Високите температури можат да доведат до дехидрација на кожата, затоа важно е да ја хидратирате редовно. Користете хидратантна крема или лосион која одговара на вашата кожа и применувајте ја после тушење или кога ќе осетите потреба. Многу се практични и спрејовите за хидратација кои можете да ги носите со себе кога ќе излезете од дома.

Новата линија на Natura Siberica базирана на дива боровница. Дивата боровница која расте во непогодните услови во Таига, содржи голема количина на вредни антиоксидантни антоцианини. Борoвницата е исто така богата со бета-каротен и Б витамини кои додаваат сјај, оставајќи ја кожата хидрирана и мазна. Хиалуронската киселина е моќен навлажнувач кој спречува појава на брчки. Витаминот Б5 е вистинскиот супер херој помеѓу Б витамините. Совршено ја тонира и измазнува текстурата на кожата. Го има на Митра, тука 

Ако сакате да ви е лицето со потемен тен не мора да го изложувате на сонце. Можете да го купите  самопотемнувачкиот спреј за лице на Skindivision и да добиете тен кој нема да ви двои од кожата на деколтето или рацете. Нанесете 2-3 пумпици на целото лице, врат или деколте. За 4-6 часа, ќе се развие во беспрекорен златен сјај. Користете по чистење и тонирање, пред да нанесете серум и крема. За попостепен тен, додадете 1-2 капки во вашата секојдневна крема за хидратација. Користете по желба, наутро и/или навечер. Ама да знаете, не содржи УВ филтри.

Користете лесна и нежна рутина на чистење: Кога ќе го чистите лицето, избегнувајте агресивни производи што можат да ја исушат кожата. Избегнувајте ги лосионите со алкохол овој период.

Избегнувајте директна сончева светлина: Кога температурите се високи, избегнувајте да се изложувате директно на сонцето, особено во најтоплите делови од денот. Носете шешир, и така е многу модерно сега, носете заштитни очила за да ја заштитите кожата околу очите од штетните ефекти на сончевата светлина и гледајте да се тргнете од сонце што побрзо.

Избегнувајте тешка шминка: Кога е топло, пробајте да избегнете тешка шминка. Заменете ја тешката основа со лесна BB или CC крема и изберете водоотпорни производи за шминка што ќе траат подолго на високи температури.

Mossa BB пигментирана крема 5 во 1 би била одличен избор, ја има на Митра. Мат ББ крема со смирувачко масло од скандинавска слива, инстантно матифицира и ги прикрива знаците на линии, брчки и пори, за видливо помлада кожа. Природните минерални пигменти овозможуваат здрав сјај и прикриеност на несовршеностите. Хиалуронската киселина ја подобрува хидратацијата и ја измазнува текстурата на кожата, додека природните масла и шеа путерот ја хранат и заштитуваат од загуба на влажноста. Во зависност од хидратацијата која сакате да ја постигнете, нанесете директно на чиста кожа, или врз вашите секојдневни производи за хидратација со СПФ.

Natura Siberica пак нуди органски рецепти кои содржат селектирани билни екстракти и активни супстанци кои помагаат да се овозможи нежна грижа за кожата, зачувувајќи ја нејзината убавина. Одличен пример е ББ кремата за лице од Detox Organic линијата. Нејзиниот рецепт содржи розева глина од Камчатка и арктичка златна камилица. Дејството на овие состојки е дополнето со други компоненти кои имаат комплексен ефект на епидермисот, помагајќи да се изедначи тонот и да и овозможи мекост. ББ кремата овозможува детоксификација на кожата, благодарение на СПФ15 филтерот го заштитува епидермисот од сончевите зраци и лесно се нанесува и еднакво го покрива епидермисот со што помага да ги сокрие неговите несовршености. И не е скапа.

Постојано пијте вода: Осигурете се дека го задоволувате потребите на вашето тело за хидратација, бидејќи дехидрацијата може да се одрази и на вашата кожа и да излезат брчките.

За било која промена на вашата кожа, бенки, пигментација или изгореници, обавезно консултирајте се со дерматолог.