Во мојата листа на таленти да се запише упорно обраќање на луѓе со погрешни имиња

Топ измодерени бои есен/зима

Не многу кратка листа

Ако на некој може да му се верува за бои тогаш тоа е Pantone, а палетата за модата оваа есен и претстојната зима навистина ми се допаѓа. Има многу бои и нијанси, а веќе ги замислувам и нивните меѓусебни комбинации и како тие ќе функционираат на капут, чанта или чизми.

Гледајќи ја палетата одма добив идеја како ќе комбинирам морско зелената со скоро сите останати, меѓу кои и:

Mandarin Red

Или PANTONE 17-1562 или портокалова накај црвена, за да се внесе повеќе динамика и живописност.

Samba

PANTONE 17-1562 е малку потемна црвена, како за на здолниште или мантил и многу ме асоцира на енергија дури и кога времето надвор е променливо, како и секоја есен.

True Blue

Најчиста темно сина боја на светот PANTONE 19-4057, како небо откако сонцето ќе зајде, неколку моменти пред целосно да се стемни.

Exuberance

Природна портокалова нијанса која ќе ја најдете под кодот PANTONE 17-1349, која во исто време е и интензивна, но и доволно есенска, за без проблем да ја користите во модните комбинации.

Military Olive

Не проаѓа есен без некоја маслинеста нијанса, а овојпат измодерена е токму онаа која може да се најде на војничките униформи, во каталогот позната како PANTONE 19-0622.

Celery

Ботаничка жолта со зелена поднијанса, која во есенските модни комбинации добро ќе оди на накитот, марамите и чантите. Искрено, мене PANTONE 14-0647 не ми личи баш многу на целер, ама би ја носела скроз.

Ultramarine Green

Длабока и богата боја PANTONE 18-5338, мешавина на сина и зелена, што можам да си ја замислам на некој убав макси фустан, во комбинација со принт и чизми или па, мантил од оние со ремен околу половината.

Strong Blue

Силна сина PANTONE 18-4051, која за разлика од вистинската сина е малку поинтензивна и повпечатлива, наменета за девојките кои не се плашат да ја раздвижат околината со својата појава.

Burnt Henna

Софистицирана темна црвена боја, со код PANTONE 19-1540, која потсетува на нешто ориентално и топло, до степен што и би одбрала зимски капут токму во оваа ниајса.

Tawny Birch

Оваа е можеби најбезбедната и најнеутралната боја на листава (PANTONE 17-1225), која можете да ја користите ако сакате да играте на сигурно, како основа за вашиот стил оваа есен.