Има така некои песни у првите три секунди сфаќаш дека се срање. Исто така и со некои луѓе.

Трендот наречен СПФ

Сонцето почна опасно да пече, а тоа значи и дека во негата на кожата, таканаречена skincare, треба да се вклучи и крема или некакво средство со заштитен фактор, кое конечно го добива вниманието што го заслужува.

Од пред некоја година скоро секој производител на козметика има и некоја крема или гел со заштитен фактор. Проблемот се појавува со повисоките степени на заштита, бидејќи факторот си бара помрсна средина за да биде стабилен. Затоа и многумина го избегнуваат преку лето, освен кога се на плажа. Ама, козметичарите и дерматолозите се сложни дека треба да го користиме, а за среќа, се повеќе производители прават производи кои се наменети за сечиј тип на кожа.

Облеката во овој период од годината не брка многу работа, бидејќи сите сакаме да шетаме со фустани, кратки ракави, прерамки, собрани коси, шешир ретко на кој му се носи и секако, очекувано е кожата да пати. Но, вистината е и дека секое делче од кожата мора да биде заштитено, бидејќи сонцето знае да биде многу сурово со неа. Поради тоа, скроз е оправдано што СПФ конечно е и модерно да се носи.

На пример, кожата на скалпот. Мислите дека косата ја штити, нели? Но, што со откриениот дел кај патецот? Малку е тешко да го мачкаме со фактор, па за него најдобро е да го носите шеширот што го спомнавме. За лицето, ако сте многу бели или е чувствително, користете СПФ 50, во други случаи е добро и 30. Производи има милион, па можете да бирате. Изберете и лосион или спреј за тело, за да ги заштитите вратот, деколтето, рамениците, како и рацете. Тие се најизложени на сонце поради типот на облека што се носи во лето.

Според мене, не треба да попуштате под СПФ 30, бидејќи нудат соодветна заштита од УВ-зрачењата. Нанесете точно секаде каде не сте покриени со облека, дури и на стапалата ако носите сандали. Кожата си ја носиме цел живот и на нас е како ќе ја чуваме и заштитиме.