Толку ми е наопаку станов што се мислам утре дали да чистам или да се преселам

Улоги што ги уништија актерите

Некои и трајно

Да се одглуми перфектно некој лик воопшто не е лесна работа, особено ако ликот е некој пореметен, а серијата се снима неколку сезони. Некои актери премногу се соживуваат со дејството, а тоа ги прави реално уште подобри во глумата.

Но, некои од нив се покајале што воопшто се појавиле во тие улоги, до степен што после нив се чувствувале уништено, што поради дејството, што поради долготрајниот напор, а некои и поради стрес затоа што проектот завршил. Значи, не е се сјајно како што изгледа на црвен тепих, бидејќи многу од тие луѓе што ги обожаваме навистина пателе за ние да имаме што да „бинџаме“ кога имаме слободно време.

Џон Хем во Mad Men

Она што му се случувало го опишал со најавната шпица на серијата, од силуетата на Дон Дрејпер како паѓа во некоја бездна од која се чини дека нема излез. На Хем му било тешко да се гледа себе во улога на човек кој само ги уништува луѓето околу себе и носи погрешни одлуки. Затоа, по седмата сезона на Mad Men, решил неколку години да глуми само во комедии.

Емилија Кларк во GoT

Тешко би можеле да ја замислиме GoT без Калиси, но Кларк открила дека во текот на снимањето имала проблем да ја раздвои својата вистинска личност од имагинарната. Поради постојаниот стрес и притисок, живеела постојано во страв од смртта, развила хипохондрија, а снимала и во екстремни услови после операција на мозок, што дополнително ја влошило целата ситуација.

Кит Харингтон во GoT

Не е само Кларк таа која патела поради притисокот од јавноста и популарноста. Сите се сеќаваме дека после завршувањето на серијата, актерот самиот си се пријави на рехабилитација. Тој во даден момент се чувствувал изгубено секогаш кога ќе го соблече костумот на Џон Сноу и имал проблеми да се поврзе со реалноста. За среќа, имал доволно поддршка од своите блиски за целото тоа време и денес се чувствува сосема добро.

Џек Глисон во GoT

Изгледа оваа серија најмногу си ги оштети актерите, а и не се ни чудам кога глумиш лик како Џефри. Глисон беше практично дете кога ја почна својата авантура во Вестерос, а во реалноста е многу смирен и љубезен и навистина му било тешко глумејќи таков настран и насилен лик. Во неколку интервјуа изјавил дека кога ги гледал своите сцени чувствувал морници, а откако неговиот лик умре во серијата, младиот Џек реши да се повлече од актерството.

Кристин Ритер во Jessica Jones

Иако има историја во глумење самодеструктивни ликови, искуството со Џесика Џонс за неа било вистинска траума, па морала да се изолира од своите блиски на одредено време и да навлезе во мрачниот карактер на ликот. Во еден момент сфатила дека мора постојано да патува и да биде осамена, а тоа воопшто не ѝ се допаднало, па затоа и самата серија имаше краток рок на траење и престана да се снима.

Лаверн Кокс во OITNB

Трансродовата актерка во Orange Is The New Black пренесува многу значајни пораки за расата, класата, полот и сексуалноста, а она што ја скршило е епизода од третата сезона, кога управата дознава за нејзиното минато и ја испраќа во самица. Слични искуства имала и во реалниот живот, поради истите причини, а конкретната епизода ја извлекла на површина поминатата траума.

Идрис Елба во Luther

Реално, го имаме гледано во најразлични улоги и никој не би рекол дека нешто може да го измести до степен да биде депресивен поради лик. Но, глумејќи го детективот Џон Лутер, актерот на некој начин се соживеал со приказната на серијата и почнал да се чувствува параноично, дека во секој момент може да се соочи со убиец или тежок криминалец и во секојдневниот живот.

Џејмс Гандолфини во The Sopranos

Неговата приказна е трагична. Помина долги години глумејќи мафијаш, а според авторот на книгата „Difficult Men“, Брет Мартин, Гандолфини секогаш бил нервозен на паузите и по завршувањето на сетот со трчање заминувал и не се дружел со колегите. Иако глумата ја изведе крајно професионално, серијата му го уништила приватниот живот, а во моментите кога се разведувал, самиот си удирал тупаници и пиел многу алкохол. Сето ова резултираше со фатален срцев удар во 2013 година, кога лекарите не успеаја да го спасат актерот.