Знаеш дека е македонец ако бира маса у кафана ко да бира нова кола

Фонтаната на младоста и колагенот

Колагенот е главен

Колагенот е најзастапениот протеин во телото. Неговата структура слична на влакна се користи за создавање на сврзно ткиво кое ги поврзува другите ткива и е главна компонента на коските, кожата, мускулите, тетивите и ‘рскавицата. Тој помага да се направат ткивата силни и еластични, способни да издржат истегнување.

Нашите тела постепено произведуваат помалку колаген како што старееме, но производството на колаген најбрзо опаѓа поради прекумерното изложување на сонце, пушењето, прекумерниот алкохол и недостатокот на сон и вежбање. Со стареењето, колагенот во длабоките слоеви на кожата се менува од цврсто организирана мрежа на влакна во неорганизиран лавиринт. Многу сончање може да ги оштети колагенските влакна намалувајќи ја нивната дебелина и сила, што доведува до брчки на површината на кожата. Не се заборавајте на сонце, колку и да се мачкате со фактор.

Можете ли да јадеме колаген? Можеме.

Храна која содржи колаген или храна која помага во производството на колаген е риба, школки, месо, портокали, киви, пиперки, јајца, зрнеста храна, храна која содржи цинк, мешунки, јаткасти плодови, семиња, бобинки и домати. Колагенот се наоѓа и во коските и кожата на свежата морска риба. Чорбата од коски е богата со колаген. Кога се вари во желудникот, колагенот се разложува на аминокиселини, кои потоа се дистрибуираат секаде каде што на телото најмногу му требаат протеини.

Зошто да пиеме колаген? Зошто некои од нас не внесуваме доволно со храна.

И покрај неговото изобилство во нашите тела, колагенот стана најпродаван додаток кој ги подобрува косата, кожата и ноктите – клучни компоненти на фонтаната на младоста. За многумина е привлечна идејата да се испие колаген кој нема несакани ефекти и може да ги промени знаците на стареење. Според Google Trends, онлајн пребарувањата за колаген постојано се зголемуваат од 2014 година. Повеќето истражувања за пиењето на колаген се поврзани со здравјето на зглобовите и кожата, но испитувања покажаа и дека колагенските додатоци ја подобруваат еластичноста на кожата. Други испитувања покажаа дека додатоците може да ја подобрат подвижноста на зглобовите и да ја намалат болката во зглобовите како што е со остеоартритис или кај спортистите. Колагенот сочинува околу 60% од ‘рскавицата, многу цврсто ткиво кое ги опкружува коските и ги амортизира од шокот од движењата со силен удар, така што распаѓањето на колагенот може да доведе до губење на ‘рскавицата и проблеми со зглобовите.

 

Од колагени за пиење ви го препорачувам Collacare на Алкалоид, комплекс од течен хидролизиран колаген од риба, хијалуронска киселина, витамини и минерали (витамин Ц, витамин Б3, цинк глуконат, витмин Б5, витамин Б2, витамин Б6, бакар глуконат, витамин А, биотин, витамин Д3) кој можете да го најдете во аптека. Јас го пијам навечер пред спиење, по едно капаче.