По повод светскиот ден на штедењето, те молам поштеди ме од твоите глупости

Хипер-независните жени почитуваат луѓе кои не им го реметат раатот

Ако си една од хипер-независните силни жени, знаеш дека сите често покажуваат одредени особини и однесувања во нивните животи и врски. Независните жени имаат секогаш една заедничка особина, буквално сите, се наклонети и се идентификуваат со другите независни жени,  како да се разбираат меѓу себе во секој момент. Овие жени обично се спремни да помогнат, да се организираат и да најдат решение за проблемите, не трпат срања и не седат каде што не им е добро. Ако сакаш да манипулираш со нив, да лажеш и да манифестираш некаква контрола, си го губиш времето, ќе те прочитаат ко сликовница. Ако веќе го читаш ова веројатно си независна жена ама ајде препознај се сама:

Имаш проблем да побараш помош и да им веруваш на другите

Можеби ти си емпатична и доверлива личност која презема одговорност во секоја ситуација, но, кога станува збор да побараш помош  или да му веруваш на некого да подаде рака за помош, имаш премногу гордост. Претпочиташ да бидеш решавач на проблемите и да сфатиш сè сама, дури и кога ги доживуваш најлошите искушенија во твојот живот. Тоа е првата особина на независните жени.

Ќе направиш сè за да не се чувствуваш претерано зависна од некого

Хипер-независните жени знаат да се оддалечат од токсичните врски и од токсичните луѓе со таква леснотија што често ги шокира луѓето, особено ако овие луѓе ги потцениле затоа што често се пријателски расположени и дарежливи. Тоа е затоа што нивниот страв од зависност често го надминува нивниот страв од напуштање. Можеби негуваат и даваат, но тоа не значи дека сакаат да се заплеткаат и да се потпрат на некој токсичен кој не нуди безбедна врска. Тие не сакаат да се чувствуваат емоционално заплеткани со луѓе за кои сметаат дека не се добар партнер, па честопати, тие се способни да го направат она со што многу луѓе се борат на понепосреден начин – да се одвојат од токсичните луѓе – затоа што нивната одбивност на токсичноста во врската директно влијае на нивниот природен инстинкт за преживување. За многу жени, најчесто зависни по природа или станати зависни под влијание на општествени фактори, важат наметнатите тенденции за безусловно задоволување на луѓето, најчесто партнер, затоа што се всадени од општеството и тоа може да го отежне напуштањето и одвојувањето од токсичните луѓе, што е разбирливо. Хипер-независните жени се самозаштитуваат и често се во право кога станува збор за нивните инстинкти.

Ако си една од независните жени, знаеш дека не се задоволуваш лесно со ништо, без разлика дали се работи за пријатели или врски – така што имаш тенденција да имаш многу високи стандарди кога се во прашање твоите соништа и љубовен живот. Луѓето без критериуми не те разбираат, тие имаат огромен избор и нив им се сосема небитно дали имаат високо квалитетен партнер, дали имаат безбедна врска или се задоволуваат со основен минимум и партнер кој само е тука за да го има.

Жените кои се навикнати да бидат сами и ефикасно да управуваат со сè – од сопствени финансии и животна ситуација до вртоглаво растечки успех во нивните кариери и образование – нема да прифатат помалку од љубовта и почитта што знаат дека ја заслужуваат. Некои мажи може да ги наречат пребирливи и напорни, но, до овие жени нема место за слаби и нереализирани мажи. Тие го дизајнираат сопствениот живот по свои услови и се навикнати да живеат исполнет живот без да имаат потреба од никого. Тие ја знаат вредноста што ја носи нивното присуство во секоја ситуација и знаат дека даваат сè од себе кога навистина се инвестираат во нешто или некого. Затоа ретко им се привлечни бледите пријателства, недефинираните врски, нереализирани мажи и многу се селективни со кого се дружат и на кого го посветуваат времето. Тие нема да го трошат своето време и енергија за да го следат она што не им користи. Независните жени живеат убаво сами со себе, доколку решат да имаат партнер, тоа ќе биде некој кој ќе направи да се чувствуваат уште подобро отколку кога се сами, нема да одберат партнер само за да го имаат.

Искрено сакаш да бидеш сама

Постојат многу различни причини зошто хипер-независните жени можеби развиле хипер-независност. Некои жени стануваат хипер-независни како одговор на траума или начин да се заштитат себеси, особено ако пораснале како деца без никој да ги заштити и можеле да се потпрат само на себе. Можеби си имала низа турбулентни врски кои те научиле дека е помирно да бидеш сама отколку да бидеш со погрешни луѓе или да си сведочела како врските ги исцрпуваат луѓето околу тебе, па затоа внимаваш кому ќе му дозволиш да влезе во твојот живот.

Или можеби едноставно си природно изградена да бидеш интроспективна и интровертна, честопати повлекувајќи се во богат внатрешен свет на креативност кој не бара придонес од други луѓе. Поентата е дека секоја хипер-независна жена обично има свои причини зошто е таква каква што е. Каква и да е вашата лична приказна, луѓето треба да сфатат дека кога велиш дека сакаш да си сама, навистина го мислиш тоа. Нема ништо порадосно и помирно за тебе од тоа да уживаш во твоето време сама. Се чувствуваш како да хибернираш од надворешниот свет и си тип кој може да биде сингл долги временски периоди без да се чувствуваш нервозна, дури и ако имаш многу романтични опции.

Знаеш дека препуштањето на контролата може да те ослободи, но сепак си многу отпорна на губење на контролата

Хипер-независните жени сакаат да имаат чувство на контрола врз нивната околина и ситуации, можеби затоа што некои од нив имале недостаток на контрола во текот на нивното детство. Тие имаат потреба да знаат како ќе се одвива животот, бидејќи непредвидливите околности значат дека тие треба повторно да седнат на возачкото место за да сфатат како да навигираат уште еден свој лавиринт. Тие повеќе би сакале однапред да планираат и да предвидат што ќе се случи следно и да се погрижат да бидат тие што ќе ги донесат одлуките.

Знаеш да претераш со перфекционизмот – но тоа некако ти се допаѓа

Преземаш повеќе проекти одеднаш? Дозволуваш да бидеш преморена и препосветена? Им помагаш на неколку луѓе одеднаш? Ах, наплив на адреналин! Овој вид на хаос често предизвикува зависност за хипер-независната жена, бидејќи го држи нејзиниот ум зафатен од соочување со минати трауми или актуелни прашања во нејзиниот живот, но се разбира, на крајот може да стане нездраво кога ќе отиде предалеку. Сè уште можеш да имаш високи достигнувања, но запомни дека е исто толку важно да се даде приоритет на спиењето, одморот и паузите. Тие всушност ќе ја зголемат твојата продуктивност, но сепак твојата вредност не зависи од тоа колку си продуктивна.