На филмои седат околу елката, играат, скокаат, среќа, смеа.. Кај нас дома ТРГНИ СЕ ОД КАЈ ЕЛКАТА СТО ПАТИ ТИ РЕКОВ ЌЕ ЈА БУТНЕШ ЌЕ ТЕ ТЕПАМ

Колку време ви треба да „избинџате“ серија?

Точно до ден...

Во карантинов некој чита, некој вежба јога, некој медитира, а некој ги „превртува“ Нетфликс, Амазон прајм и торентите, на кој до што му е.

Ако тврдите дека сè сте изгледале, тука сум јас да ви кажам дека сигурно имате уште нешто. Ако ви е досадно, почнете нова, најдете си некоја со повеќе сезони и гарант нема да ви биде здодевно па ако треба и цело лето да останете дома (што се надеваме дека нема да треба, ама пак…)

Еве, ако не сте ја гледале досега „Grey’s Anatomy“, потребни ви се 343 саати, што распоредено по неколку епизоди во ден, ќе имате за гледање повеќе од две недели. Ако решите да ја гледате „The Simpsons“ тоа ќе ви одземе 334 саати. Во случај да ви се гледа комедија, „The Big Banг Theory“ ќе ве фати некои 139 саати, а ако сте доволно сериозни и запнете, ќе ја изгледате за помалку од 10 дена.

Од друга страна ако ви се гледа „House“, одвојте си 176 саати, за „Friends“ ви требаат 121 саат, за „The Office“ 99 саати, а во Дон Дрејпер и „Mad Men“ можете да уживате 92 саати. Ако случајно ви се гледа „Game of Thrones“, тоа ќе ви одземе околу 70 саати вкупно, „Breaking Bad“ 64 саати, „Downton Abbey“ 56 саати…

Секако, тука ги имате и новите остварувања, а и ако си распоредите по неколку епизоди во денот ќе имате за гледање колку ви душа сака. И да не ве чујам пак дека немало што да се прави во изолација. Сериите нема сами да се изгледаат.