Јас не знам да чистам????? Ај провери си ја картичката

Бикини 2020, зошто да не

Да не дозволиме ситуацијава да ни го уништи летното расположение, иако веќе повеќе од извесно е дека нема во догледно време да видиме плажа. Од друга страна, штом имаме двор, тераса, некои можеби и базен или вештачко езерце во двор, тогаш нема ништо лошо да фаќаме боја. Да, пандемијата ни расипа еден куп планови, но тоа не значи дека не треба да се посончаме малку, лабаво.

Пред да се случи целава оваа фрка со пандемијата имавме можност да ѕирнеме на модните недели и што тие имаат да ни понудат, а бидејќи колекциите за лето беа скоро готови, успеавме и да видиме што ќе беше измодерено ако не беше вака ко што сега е.

Правилото оваа година е дека нема правила. Во годинешниве бикини трендови има буквално сè, па дури и модели на долги ракави и со можност за закопчување до врат. Не знам зошто ви се баш такви, ама ете, викаат модерни биле, сама си бираш колку сакаш да покажеш од деколтето.

Нема ограничувања ниту со бои и дезени, како што и сами ќе видите на сликиве што ги најдов. Има и црно-бели, еднобојни, шарени, цветни, но за повеќето заедничко е што долниот дел е високо кроен, или ко што модните експерти би рекле дека визуелно ги издолжувате нозете на тој начин.

Значи, на вас самите е да одберете во што ќе фаќате боја ова лето, без разлика каде ќе го правите тоа. Единствено обрнете внимание материјалите брзо да се сушат, за да не останувате предолго во мокар костим за капење.