Ми се јавува ми вика сакал да раскинеме… – Ај се лакирам да те барам покасно!

Емили, музата на Климт

Жената од „Бакнеж“

Емили Луис Флоге е родена во Виена во 1874 како четврто дете на Херман Флоге кој бил производител на цевки. Имала две сестри и еден брат. Нејзината прва работа била како шивачка и била многу добра во тоа, па подоцна кога сестра и отворила школа за шиење работела таму. Во 1899 година двете сестри победиле на натпревар за шиење. Веќе во 1904та година Флоге била успешна деловна жена со моден салон кој бил посветен на високата мода. Салонот им се наоѓал на прометна раскрсница и бил уреден во модерен стил, се викал „Сестрите Флоге“.

Добро запознаена со работата на Шанел и Диор, правела облека која била широка и комотна за носење и нејзините модели биле промовирани под слоганот „слобода“ од феминистичкото движење во Виена. Подигнатите ракави и слободниот пад на фустаните биле веднаш прифатени пред сé од здравствени причини бидејќи викторијанската облека била многу некомотна и жените имале повреди на ребрата од корсетите. 1938, по Третиот Рајх губи голем дел од своите богати клиенти и го затвора салонот па продолжува да шие дома по нарачка.

Кога Емили имала 18 години, сестра и се омажила со братот на Густав Климт, кој за жал починал после една година, но блискоста со неговото семејство останала и Густав бил чест гостин во куќата на Флоге. Емили и Густав остануваат партнери за цел живот.

Најпознатата слика на Климт „Бакнеж“ е токму посветена на нивната љубов. Климт во неговите цртежи ги цртал лежерните модели на Емили. Двајцата биле етаблирани како луѓе кои се дружат во повисоките кругови во општеството па така и клиентите на Емили биле богати и познати жени. Климт бил познат по тоа дека имал врски и со други жени како и 14 деца, но Емили останала до крај неговата најголема љубов и негова муза. Сликата „Бакнеж“ е создадена 1908ма и Климт не мислел дека ќе му донесе големо богатство. Ја насликал со многу бои и контрасти но доминира златната. Галеријата Белведере ја купила сликата уште кога не била довршена и денес е изложена во истата галерија.

Во 1918та Климт умира и последните зборови му биле „Емили мора да дојде“. Емили живеела 77 години и умрела 1952 комплетно заборавена од модната индустрија.