Да ме имаш па да немаш!

Изабела Роселини ги стави ејџистите на апарати

Ако на 43 бев стара, на 71 сум таман

Изабела Роселини била 38 пати на насловна на Вог, а 1982 година е најплатениот модел на светот откако потпишува договор со Ланком. Следните 10 години им рекламира парфеми, кармини и козметика за кожа се до 1995 година, пред да наполни 43, кога ја отпуштаат бидејќи е стара. Според стандардите на модната индустрија се што е над 30 е старо, но почнуваат работите да се менуваат. Почнува гласно да се зборува за ејџизмот и за агресивното форсирање на естетска хирургија во модната и филмска индустрија, буквално е реткост да видите некоја ѕвезда која ќе добие медиумски простор ако не се има оперирано до граници на непрепознатливост.

2016 година Ланком добива жена за генерален директор и таа и се јавува на Изабела да ја исправи таа грешка на нејзините претходници. Изабела изненадена дека после 20 години има шанса да смени нешто во ејџизмот во модата, прифаќа да работи. И работи успешно.

Изабела живее на Лонг Ајленд, на фарма со куќа инспирирана од финска колиба. Таа чува кокошки, овци, пчели и кучиња. Има голема градина во која одгледува органски зеленчук за свои потреби па вели: Глупаво е да јадам органска храна, а да шприцам ботокс. Контрадикторно е.

Но, она што е најважно, одбива да прави естетски операции. Едноставно инсистира да старее природно, и за операциите мисли дека можеш да ја добиеш борбата но не и војната. Не можеш да побегнеш на стареењето, барем остари достоинствено. Понекогаш смета дека вратот и е збрчкан, но тогаш става марама и се изгледа во ред.

Денес, Изабела има 71 година и е на насловната на италијанскиот Вог. Условот и бил сликата да нема интервенции, никакви филтри, никакви фотошопи. Ако на 43 бев стара, на 71 сум таман!