-Љубави колку си имала пред мене? -14 -Вчера ми рече 11! -Вчера за вчера!

Карантински артови на ѕид

На француски начин

Натали Лете си најде одлична занимација за време на карантинот. Таа е од Франција, земја во која, како што веќе знаеме, имаше прилично заразени со коронавирусот и имаа доста строги мерки за самоизолација.

Куќата во која сега живее си ја купила пред три години, а уште од дете сонувала дека еден ден ќе има свој дом кој може да го декорира со сопствениот уметнички вкус. Најпрво закачила дел од своите слики кои најмногу ѝ се допаднале, ама маж ѝ добил уште подобра идеја. Наместо платно, таа сега уметнички се изразува врз ѕидовите, скалите, па дури и плакари и други делови од мебелот, кои дозволуваат ваков начин на преуредување.

На некој начин, таа си нашла креативна занимација за време на овие карантински денови и го претворила својот дом во вистинско уметничко дело. А, бидејќи за уметност не се зборува многу, туку треба да се гледа за да се доживее, еве како изгледаат нејзините ѕидови во време на коронавирус пандемија:

 

А, да, има и Инстаграм за следење.