Јас не знам да чистам????? Ај провери си ја картичката

Black Friday или маркетинг трик?

Денот на шопингот

Некаде околу 1952 во Америка, после Денот на благодарноста, решиле да почнува Божиќниот шопинг. Се собрале трговците и се договориле да прават попусти во петокот после празникот и тие попусти да бидат стварно големи за да можат сите луѓе да си пазарат. Сето тоа го спакувале во приказна за доаѓањето на Дедо Мраз. Откако сфатиле дека овој ден им носи сериозен профит решиле да го задржат првиот ден од периодот за божиќен шопинг со екстремно големи попусти. Народот многу се радувал и имало премногу луѓе кои се туркале, газеле и трчале наоколу за да успеат да испазарат што повеќе на тој ден. Според некои, името црн петок доаѓа од возачите на јавниот превоз кои се сочувале со потешкотии за возење низ улиците бидејќи имало многу луѓе. Според други е врзано со профитот.

Но, освен празничната приказна за црниот петок, постои уште една. Според еден текст во Guardian, црниот петок е само еден маркетингшки трик и ништо друго. Враќајќи се во 2019 година, на пример, авторот анализирал дека само 1% од артиклите што ги проверувал биле со вистински попуст. „Сè друго беше на истиот попуст во шесте месеци пред или потоа“, според истиот извештај.

И покрај овој 1%, луѓето лудуваат чекајќи го црниот петок за да уживаат во купувањето работи што им требаат па и тие што не им требаат само затоа што производите се „поевтини“. Секоја година, потрошувачите ги трошат своите пари на ништо повеќе од евтин трик.

Ова тврдење го истражувало и Институтот за овластени трговски стандарди во Америка и заклучиле дека „продавачите понекогаш ги зголемуваат цените пред црниот петок за да изгледа како да нудат многу тој ден“. Недели пред црниот петок, повеќето трговци ептен ги зголемуваат цените, но повеќето луѓе не го забележуваат овој трик. Купувачите се сигурни дека купуваат со попуст, но реално, повеќе плаќаат за производи кои можеле евтино да се купат осум или девет месеци пред долгоочекуваниот настан.

Како и да е, времињата се менуваат и дојдовме до ерата на дигитализација па не мораме да се туркаме по продавници за да испазариме, туку си нарачуваме на интернет и ни ги носат подароците дома. Нас Божиќ ни е малку подоцна, а и немаме некоја традиција на собирање со смешни џемпери и разменување  на подароци. Најчесто луѓето ги користат попустите за купување на големи работи како бела техника, но нè има и такви кои цела плата ќе ја дадеме за шминки.

Ако и вие чекавте попусти на шминки, моја препорака ви е да го погледнете попустот на Митра на Max Factor