При крај на декември можеш лесно да видиш кој не излага преку година!

Carolyn Bessette Kennedy новата интернет муза

Ја гледате Love Story серијата сега што е хит и што ја претстави една од најнеочекуваните интернет музи на денешницата?

Carolyn Bessette Kennedy – девојката што не сакаше да биде славна (реално!) и сепак стана култна фигура за Z-генерацијата.

Carolyn не беше актерка, супер модел или инфлуенсер– таа беше приватна жена со одлична гардероба и уште поинтересен став кон слава. Работеше како јавна промоторка во Calvin Klein кога го сретна John F. Kennedy Jr., и – да, сфатија дека од ова ќе се направи голема приказна. Она што денес ja прави толку привлечна за Gen Z не е „желбата да се биде популарна“ – тоа е нејзиниот стил без напор, комбиниран со својствена приватност.
Во ера каде секој се труди да „блесне“ на алгоритми, во време кога „фама“ е цел сама по себе, Carolyn беше обратното: не бараше внимание – таа само го зеде својот стил (и добро го облече).

Нејзините минималистички, чисти линии, едноставни капути, црни фустани и тајните детали како tortoise headband од C.O. Bigelow станаа лајфстајл метафора за генерацијата што сака да изгледа добро и едноставно.

Но еве најинтересниот дел: Carolyn не копираше некого – дури ни својата свекрва, легендарната Jackie Kennedy Onassis. Имаше свој глас, своја тишина и свој поглед на светот, што е ретко валидна дефиниција за „cool“ во денешно време. Можеби тоа е причината зошто Gen Z ја сака: не ја сака затоа што беше „супер ѕвезда“ – ја сака затоа што не сакаше да биде ѕвезда.
И сепак – заврши како икона што надживува трендови (и шоу) со својот мирен, но незаменлив стил.

Што ја направи толку впечатлива?

Минимализам, ама не сиромашен – туку намерен. Нема логоа што врескаат. Нема трендови што траат 48 часа. Само чисти линии и став „не ми треба одобрување“. Нејзините препораки за стил:

  1. Црн ролка џемпер. Колку поедноставно, толку поелегантно. Ако изгледа како да можеш да одиш и на состанок и на погреб и на галерија – тоа е тоа.
  2. Долг волнен капут (camel или црн). Да лебди зад тебе додека одиш како да имаш сопствен саундтрак. Без oversized драма – туку скроен, структуриран, тивко доминантен.
  3. Прави, чисти фармерки (’90s straight cut). Не skinny, не circus wide. Само „јас сум стабилна личност“.
  4. Слип фустан во неутрална боја. Свила или сатен. Без апликации. Без „look at me“.
  5. Црни очила за сонце – и кога нема сонце. Не за да се криеш. Туку за да не мораш да објаснуваш ништо.
  6. Минималистичка чанта (по можност винтиџ). Ако изгледа како да си ја имала 10 години – уште подобро. Тука Gen Z учи дека стил ≠ ново, туку добро.
  7. Шнола/лента за коса од ’90-ти. Тивок детал што кажува „имам вкус.
  8. Шминка: „no makeup“ makeup. Кожа што дише, усни што не врескаат, коса што изгледа како случајно да ти е совршена. (Нормално дека не е случајно.)
  9. Став: незаинтересирана за алгоритамот. Ова не се купува. Ова се вежба. Нема 25 селфија односно нарачани фото сесии во тоа време. Нема „дали изгледам добро?“. Само тишина и самодоверба.