Ко ќе ме прашаат шо сакам да јадам….се глеа по мене, све сакам да јадам!

И ghosting-от е ОК некогаш

Неретко сме се нашле во прилика да сакаме со некого да прекинеме, ама баш онака, скоро и без причина, но од друга страна решаваме сепак да не го направиме тоа, бидејќи гледаме дека развиваат чувства. Поимот ghosting е присутен во модерното дејтање, се случува доста често, оставајќи отворени прашања, кои па за среќа, лесно се затвораат кратко потоа.

На некој начин, тоа е прекинување на комуникацијата со оној со кој се допишуваме или дејтаме, најчесто еднострано, без некоја особена причина, ниту пак разговор или објаснување зошто исчезнувате или исчезнува некој од вашиот живот.

Од една страна тоа не е океј, бидејќи кога веќе на некого му трошите време и внимание, би било добро да објасните зошто тоа веќе нема да се случува. Ова не е правило, но е исправно да го направите. Од друга страна, пак, има неколку ситуации во кои е сосема разбирливо да го направите тоа, како што се:

Не сте се запознале досега

Само се допишувате, евентуално се слушате, но чувствувате дека нешто шкрипи. Во овој случај не сте обврзани да се објаснувате, бидејќи реално и не сте си посветиле време и внимание и не сте инвестирале ништо, освен по некоја минута пред спиење, па нема потреба да се изложувате на драми ако сметате дека баш и нема потреба за тоа.

Првиот дејт е катастрофа

Ако сте имале ужас од прв дејт, тотален хаос, без ниту една причина да дадете втора шанса, скроз е во ред веќе никогаш да не вратите на порака, ниту да ја побарате таа личност. Можеби би било коректно да дадете кратко објаснување од типот „сметам дека нема да иде“ или така нешто, но можете да поминете и без тоа, со едноставен „мјут“.

Нападен е и се однесува несоодветно

Многупати оние со кои ќе излеземе на дејт излегуваат скроз различни од тоа што биле на допишување. Ако забележите опсесивно и нападно однесување, кое не е соодветно за некој кој го запознаваш сега, тогаш едноставно бегајте, без ништо да објаснувате.

Имате лошо претчувство

Ако ѝ веруваме на интуицијата, често можеме да се поштедиме од многу нервози и главоболки. Понекогаш избираме да ја игнорираме, од непознати причини, па да носиме некои разумни судења. Најјакото се случува кога по некој месец ќе си речеме: „Леле, знаев дека ќе биде вака“. Па, ако знаевте, зошто не го запревте навреме?

Тотално е спротивен од она што е ваш критериум

Некогаш е скроз оправдано да излеземе од калапот на своите мисли и желби и да дадеме шанса на личност која не е наш тип. Ама, ако од секој можен аспект е спротивно на она што вие го сакате, па дури и ги надминува сите граници на вашата лична толеранција на срања, тогаш нема што да се мислите, реално.

Нештата со месеци се на мртва точка

Да речеме дека неколку дејта беа добри, дека си се гледате повремено и интересно ви е, сè е тоа супер. Ако после неколку месеци уште е сè исто и не сте мрднале од мртва точка, веројатно и двајцата ја игнорирате темата (или пак еднострано се случува тоа). Ако чувствувате дека ви избегнува каков и да е разговор поврзан со вас двајца, тогаш реално и нема потреба од каков и да е друг.

Ghosting-от е незрел акт на игнорирање и бегање, ама ете, си има ситуации кога е на некој начин и оправдан. Верувајте си на претчувството. Ако нешто не можете да „сварите“, а нема разбирачка на нормален начин, тогаш заштедете нерви и енергија и тргнете си се. Сакајте се себе повеќе од тие „принципи“ и не објаснувајте, ако нема шанси за разбирачка поинаку.