Тоа што не ме убива ме прави осветољубива

Како манипулираат манипулаторите

И можете ли да препознаете?

Да се препознае манипулатор навреме е скоро па невозможно. На прв поглед, се расфрлаат со слаткоречивост, пристапност, почит и искреност и ретко кој би помислил дека тоа е само една фасада, која ќе падне во моментот кога целосно ќе ја придобијат вашата доверба.

Оние кои веќе поминале низ раце на некој манипулатор сега веќе знаат дека нивниот интерес бил далеку од искрен и за жал, изманипулираните се единствените кои можат да ја препознаат шемата на однесување и да предупредат некого што се случува. А манипулаторот? Тој ќе ја користи секоја слабост на својата жртва, секоја нејзина критична точка во која ѝ се руши самодовербата, несигурноста, нејзините стравови, ќе ја напаѓа со критики, ќе ја полуди од закани, булинг и „гаслајтинг“, сè додека таа не се предаде.

Жртвата, за жал, долго време не е свесна дека тоа ѝ се случува, па дури и ги губи оние пријатели кои ја предупредуваат. По некое време останува сама со себе и со манипулаторот, без да има можност да се освести и извлече од вртлогот на емоции и манипулации кои тој ѝ ги приредува.

Сепак, има надеж дека можете да препознаете ваков човек пред да биде премногу доцна, по овие знаци:

  1. Манипулаторите или немаат контрола врз тоа како се однесуваат луѓето кои ги манипулираат, или пак веруваат тека тие ги влечат конците. Сите овие ситуации се само за нив, тие не се сомневаат во себе, никогаш нема ни да помислат дека прават проблем некому, сè додека на нив им е удобно и го добиваат она што го сакаат.
  2. Тие не знаат за граници и не знаат за доста. Ќе го опседнат вашиот простор на секој можен начин, емоционално, физички и психолошки. Кај нив воопшто не постои разбирање за личен простор и идентитет. Можеме да ги поистоветиме со паразити кои без да се закачени на некоја жртва, не можат да опстојат. Откако ќе ја „потрошат“ едната, итно си бараат нова, бидејќи не знаат да живеат со самите себе.
  3. Никогаш нема да признаат дека се одговорни за нешто, дури и кога од километри се гледа дека некого повредуваат. Но, проблемот е во тоа што не гледаат ништо лошо во нивните постапки. Тие дури и ќе се обидат да префрлат одговорност за нив врз другите, па дури и врз жртвата.
  4. Тие ги „грабаат“ вашите емоции, несигурности, стравови и во прв момент се чини како да ви помагаат да ги надминете. Ве придобиваат со љубезност, кажувајќи ви дека вредите, а додека да се освестите, веќе сте во нивните канџи и вашите слабости се искористени против вас/
  5. Ако сакате да дознаете дали имате работа со емпатична или манипулативна личност, само слушнете како зборува пред вас за луѓето кои теоретски ги сака и почитува. Токму ова е показател што прави зад вашиот грб.
  6. Тие точно знаат какви сте како личност, но пред вас ќе презентираат сосема поинаква перцепција, за вие да морате да се докажувате дека не сте такви. Но, личност која не ве разбира или не сака да ве разбере, не ви е ни потребна во животот.
  7. Проценувајте ги луѓето по постапките, а не по зборовите. Секој може да каже сè што сака и тоа да звучи целосно уверливо, па паѓањето на зборови треба да го заборавите, а наместо тоа, да ги следите нивните постапки и по тоа да создадете слика. Ова многу помага при препознавање на манипулатори.
  8. Ако манипулаторот вложи еднаква сила во тоа да се подобри, колку што вложува во лажење и измами, тие навистина би успеале да бидат добри личности. Искрените луѓе ги немаат оние фасади и маски и од старт знаете на што сте со нив.
  9. Последнава точка се однесува на самите вас. Следете го своето однесување, проценете дали се подобрувате или и вие станувате тажна и исфрустрирана личност, која е зависна од одобрувањето на некој друг. Ваквата појдовна точка ќе ви помогне не да препознаете манипулатор, туку да процените дали самите сте жртва на некој таков.