Несреќа ми е ако ми пресече пат црна мачка. Несреќа ти е ако ми пресечеш пат со друга #суеверие

Како се калеше модата

Моменти кои ја сменија

Модата и трендовите трпат промени секоја година, но некои нешта остануваат засекогаш важни и релевантни. Случајно или намерно, токму класиката била дефинирана од историски моменти во модата.

  1. Зарем би можело вакво нешто да помине без да ја спомнеме Коко Шанел? Треба да ѝ речеме „фала“ што придонесе панталоните да можат да бидат модно парче наменето и за жени, а потоа, да не ѝ заборавиме ниту за малиот црн фустан. Баш овој фустан е задолжителен дел од секој женски плакар и можете да го комбинирате соодветно на пригодата, да прилагодувате со чевли, палта, сакоа, мантили, чанти, накит, со што сакате, со истиот фустан, а безброј комбинации.
  2. Терминот висока мода или haute couture е важен дел од модната индустрија бидејќи се работи за храбри statement парчиња кои ретко кој би се осмелил да ги носи секојдневно. Но, во светот на модата, токму според овие уникатни креации се цени делото на брендот и креаторот, а за haute couture може да се каже дека е наменето да ѝ пркоси на поп-културата и трендовите.
  3. Плус-сајз моделите станаа доста популарни во последниве години, докажувајќи дека и облините се секси. Веќе голем број модни компании креираат по цели линии облека наменети за овие девојки и секако, на ревиите ги канат токму плус-сајз моделите. Некои модни куќи пак, уште стојат на тоа дека креираат само за слаби, манекенски типови.
  4. Манекенката Твиги, таа е првиот супермодел од 60-тите која стана славна и популарна редефинирајќи ги тогашните стандарди за убавина. Твиги стана успешна и со сосема кратка коса и шминка фокусирана точно на очите и трепките, за да го добие ефектот на отвореност и задлабочен поглед, нешто што модната индустрија дотогаш не го прифаќала како нормална појава.
  5. Полово неутралните модели на Готје, иако од понов датум, се значаен скок во модната индустрија. Во 2002 година Жан Пол Готје воведе сосема нови стандарди во облекувањето. Според убедувањето на брендот, модата треба да биде ослободена од поделбата според полот, па затоа во нивните колекции може да се најдат машки кроеви во женските линии, како и импровизирани фустани и здолништа за машките колекции.