Ми вика “земи направи место у фрижидер да го стаам ова”, па земав изедов два реда…сеа има место

Кога да раскинеш за твое добро

Затоа што се сакаш себе повеќе

Одвреме-навреме секој од нас треба да си ги преиспита одлуките и да види што греши и каде и како сето тоа влијае врз нашата среќа.

За жал, сведоци сме дека многумина остануваат во врска во која се несреќни, само затоа што мислат дека треба да имаат партнер и дека ако прекинат ќе им недостига. Но, кога гледате дека врската стои на стаклени нозе и само прилепувате и разубавувате надворешно, можеби дошло време за прекинување.

Ова се знаци кои се доволна причина за раскинување:

Имате повторувачки расправии

Таман мислите дека сте решиле некој проблем, после два дена повторно ни се вади низ нос. Пробувате, ја смирувате ситуацијата, но следниот пат е бетер. Време е да се помирите со очигледното – ниту ќе заборави, ниту пак некогаш имал/а намера да заборави. Наместо да губите време и нерви, запишете во графата со црвени знаменца.

Сонувате за слобода

Ако врската ве гуши и прави да го губите своето јас, размислете дали вреди да останете. Ако поимот за слобода и убава иднина не ја вклучува и вашата „сакана“ личност, тоа е јасен знак дека нешто не е во ред. Дури ни привременото задоволство од сексот и гушкањето не помага тука.

Сте се промениле на неприфатлив начин

Ако кругот на пријатели ви се намалува и прифаќате активности кои партнерот ги преферира, а на сметка на тоа се откажувате од нешта кои ги сакате, еве уште одма ви кажувам дека тоа не е нормално. Не правите компромис, туку се губите себе во нешто што привидно личи на добра врска. Уште едно црвено знаменце е ако се потсмева на вашите ставови и ве убедува дека неговите/нејзините се тие правилните. Ако ве срами со однесувањето, не треба ни да бидете со таа личност. Да, толку е просто.

Не ве привлекува сексуално

Освен ако сте сигурни дека е привремен пад на либидото, во секој друг случај недостатокот на сексуална привлечност е знак дека ни таа врска нема светла иднина и нема што да се дискутира натаму.

Нефер третман

Навиките се ужасна работа, особено кога се работи за врска. Ако чувствувате постојано незадоволство од тоа како партнерот нефер се однесува кон вас, не е на вас да простувате и замижувате. Тоа може да бидат константни ситни навреди, прибелешки, коментари за семејството и пријателите, за изгледот (со ваква личност и не знам како сте се решиле за врска), навиките, работата… Ако самите сте сигурни во своите избори, некој со кој сте одредено време не е тој кој треба да ве натера да се преиспитувате. Точка.