Пушењето убива ама па и со мене не треба да претеруваш!

Коктели ама здрави

И јас знам рецепти

Пиењето на ладен чај во летните месеци може да биде пријатна и освежувачка алтернатива за цел ден.  Еве неколку причини зошто ладниот чај е популарен во летниот период:

Освежување: Ладниот чај може да помогне во освежување и хидрација, особено кога е горештината. Консумирањето на ладен напиток може да помогне во намалувањето на телесната температура и да ви даде чувство на ладеж и комфор.

Витамини и антиоксиданти: Чајот е познат по своите богати витамини и антиоксиданти кои се корисни за организмот. Ладниот чај не ги губи своите хранливи својства и може да ви помогне да ги задоволите потребите за нутриенти додека се борите со топлото летно време.

Влијание врз метаболизмот: Истражувањата покажуваат дека ладниот чај може да има благотворно влијание врз метаболизмот. Црниот чај, на пример, содржи теин кој може да помогне во забрзувањето на метаболизмот и подобрување на енергијата.

Разновидност на вкусови: Ладниот чај може да биде приготвен од различни видови на чај, како што се зелен, црн или билни чаеви. Со различни ароми и додатоци како што се лимон, мента или малина, можете да го прилагодите вкусот според вашите преференции.

Коктелите со ладен чај се одлична пијачка за разладување, се рехидрирате, ги внесувате антиоксидансите и во коктелот ставате овошја преку кои внесувате и витамини. Можете сами да ги направите со тоа што имате по дома. Приготвувањето е многу лесно, на литар вода се ставаат 4 ќесички чај, моја препорака ви е Good Nature кој можете да ги нарачате и тука, ќе ви го донесат дома од Митра. Откако ќе го сварите чајот, извадете ги ќесичките, оставете да се олади малце, ставете коцки мраз и мешајте додека не се стопат. По желба може да ставите и мед. Чаевите како што се јагода ванила, јаболко со цимет или боровинки може да ги направите да изгледаат како сангрија откако ќе им наставате овошје внатре, додека чаевите од камилица, хибискус, нане, бозел или шипка можете да ги служите и со малце ѓумбир и нане.

Чај можете да користите и во смути, изладен чај во смути од боровинка е одлично разладување и супер доручек.

Мојот омилен рецепт за лето е сладолед од овошен чај и веројатно јас и сите деца се радуваме на него најмногу. За ова ви требаат калапчиња, се наоѓаат по продавнициве кај што шиткаат све за дома, оладен чај, исецкано овошје и фрижидер.