Англиски: Ok, bye Македонски: Епа ајде тогаш, важи, обавезно да да, ќе ја поздравам фала, важи, не не заборавам таман работа, ајде, да да, ај ај

Моцарт куглите се одјавија

Моцарт куглите („Mozartkugeln“) се популарен австриски десерт познат низ целиот свет, благодарение на нивниот уникатен вкус, уметничка изработка и историска поврзаност со В. А. Моцарт. Последниот Mirabell Mozartkugel беше произведен вчера, 5 декември. Фабриката во Гродиг кај Салцбург, производител на познатите топки Моцарт, се затвора по 127 години работа.

Познати по својот уникатен вкус, комбинацијата на фина марципанова срж со вкус на ф’стаци, обложена со слој нугат и обвиена со темно чоколадо, создава богат и хармоничен вкус што е различен од останатите слатки.

Моцарт куглите го добиле името во чест на познатиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, кој е симбол на австриската култура и музичка историја. Луѓето ги купуваа како сувенири, поврзани со оваа културна икона.

Оригиналниот рецепт, создаден во 1890 година од австрискиот слаткар Пол Фирст во Салцбург, вклучувал рачна изработка на секоја топка. Завиткани во фолија со портрет на Моцарт, Моцарт куглите изгледаа елегантно и луксузно. Овој дизајн го истакнува нивниот историски и културен значај.

Иако оригиналниот рецепт на „Fürst“ е заштитен, многу производители, како „Mirabell“ и „Reber“, создаваа свои варијанти, што ја правea оваа слатка достапна на различни пазари низ светот.

Моцарт куглите не се само десерт, туку и дел од австриското наследство, што објаснува зошто се толку сакани и популарни.