Петарди, пошо ако до сега не сфатија у комшии дека си сељак сега да им е јасно

Остави ја тагата да помине

Не се бори со неа

Со некои емоции и состојби е подобро да не се бориме, туку да ги оставиме да нè обземат, истрошат и потоа вратат во колосек.

Тагата не е убаво чувство и тоа веќе ни е јасно на сите. Некои видови тага дури и болат физички. Но, таа не се победува со позитивни мисли, гледање филм, слушање омилена музика или храна за утеха. Некогаш и нема некоја посебна причина за тоа, туку едноставно, така се чувствуваме.

Храната нема вкус, вртиме страници од книгата без ништо да запамтиме и колку и да пробуваме да направиме што било за да се чувствувме подобро, едноставно не оди. Ако сте во состојба да препознаете што ви се случува, веројатно ќе сфатите дека сте исцрпени ментално и дека сакате само да мирувате.

Најпрво, не се радувате на нештата што ве прават среќни, престанавте да се смеете, почнаа другите да забележуваат дека нешто не е како што треба, а потоа почнавте и самите да забележувате дека ужасно се однесувате дури и кон оние кои не ви згрешиле ништо.

Како да се однесувате во овие моменти?

Со оглед на тоа што ништо нема да ја смени ситуацијата, едноставно можете да ја оставите да тече, без да интервенирате нешто посебно. На дел од состојбата ќе се навикнете, но самиот инстинкт да ви биде поудобно во своја кожа ќе почне да работи и ќе најдете начин да се изборите со проблемот.

Запомнете, дури и најтешките проблеми кои ни се чинеле нерешливи денеска се минато, па и по цена ако оставиле одредени последици.

Единствено е важно да не се обидувате со сила да бидете продуктивни, да излегувате, да се смеете, да се убедувате себе дека ви е добро, бидејќи и самите знаете дека треба да оставите доволно време и да закрепнете.

Сè друго може да има целосно спротивен ефект. Дури и кога зборувавме претходно за плачењето ви кажав дека е подобро да ги оставите солзите да се стркалаат, наместо да ве гушат однатре. Исто е и со тагата од кој било тип.