1000 зошто 1000 ај ќе праиме муабет деноиве

Со принт маргаритки не можеш да промашиш

Флорално така веселко

Летото наближува и иако нема да шетаме којзнае колку, не е лошо да следиме и што има во модните трендови во светот. Како и секое лето, така и ова, цветните дезени се нешто што го очекувавме.

Овојпат, наместо комплицирани цветни декорации и орнаменти, модата е наклонета на нешто многу посекојдневно, цвеќенце што може да го видите во тревникот пред зграда или во паркот, секаде околу вас. Не мора да се сади, расте диво и во голем број насекаде. Се работи за маргаритките или ако сакате камилица или бели ради.

Кога бевме деца најмногу се правеа венчиња од нив, а изгледа уште тогаш ни било јасно колку се убави и декоративни. Можете да ги најдете на модни додатоци, фустани, здолништа, кошули и маички.

Одлично се комбинираат со фармерки, еднобојни панталони, како украси во коса, на чанти, па дури и на обувките.