Ако не те ебе 2% ебе друга 100%!

Софистицираноста и манирите се новиот луксуз

Малограѓанштината на апарати

Сите ние познаваме по некого кому му се восхитуваме на софистицираноста, но, тоа колку сте софистицирани сигурно не е до вашиот статус во општеството, колку пари имате или како се облекувате. Станува збор за особините што ги имате и се трудите да ги негувате.

Манири и љубезност

Луѓето кои оставаат впечаток на повисока класа се добро воспитани. Не само затоа што е учтиво, туку затоа што знаат дека да се биде добро воспитан е најдобриот начин да се покаже почит и благодарност кон оние околу нив. Добрите манири се истакнуваат многу во толпата на медиокритетот.

Истражувањата покажуваат дека 85% од луѓето сметаат дека љубезноста кон колегите има влијание врз изгледите за кариера на една личност.

Самоувереност

Честопати, кога не можеме сосема да сфатиме што е тоа што нé привлекува кај некого нејчесто е самодовербата. Таа внатрешна самодоверба која ни кажува кога некому му е удобно во сопствената кожа е екстремно привлечно. Тоа е многу различно од препотентно, арогантно или дрско, всушност тоа ја истакнува несигурноста.

Самодовербата ни помага на сите да се чувствуваме подготвени за предизвиците што ни ги поставува животот, да ги прифатиме или одбиеме со леснотија кога ќе го ставиме својот мир како приоритет. Ова делумно објаснува зошто една софистицирана личност е способна да остане толку смирена, без оглед на ситуацијата. Тие можат да се потпрат на таа внатрешна сила кога им е најпотребна.

Смиреност

„Keep calm and carry on “ е популарен слоган прв пат објавен во Обединетото Кралство за време на Втората светска војна и е наменет да го подигне моралот, па потоа стана симбол на познатата британска аристократија.

Без оглед на тоа што се случува, чувајте ја ладнокрвноста и продолжете понатаму. На многу начини, ова е точниот став што го усвоија софистицираните луѓе. Не е дека живеат шармантен живот и се имуни на борби. Им се случуваат лоши работи, исто како и на сите нас. Но, наместо да го изгубат трпението, тие остануваат присебни пред проблемот. Кога се справуваат со непријатности и неуспеси, тие можат да ги одржуваат работите во перспектива и да останат смирени. Кога се соочуваат со тешки луѓе, тие знаат како да останат приземјени наместо да избувнат. Лесно е да се избувне кога работите не одат како што сакаме. Но, софистицираните луѓе ја користат смиреноста како моќно оружје.

Емоционалната интелигенција

Емоционалната интелигенција (ЕИ) е способност да се согледаат, интерпретираат, демонстрираат, контролираат и користат емоциите за да комуницираат и да се поврзат со другите ефективно и конструктивно. Оваа способност да се изразат и контролираат емоциите е од суштинско значење, но исто така е и способноста да се разбере, толкува и да се одговори на емоциите на другите.

Во секојдневниот живот тоа значи дека емотивно интелигентните луѓе ги разбираат сопствените емоции. И тоа им помага подобро да ги контролираат. Исто така, им помага да имаат поголема емпатија за чувствата на другите луѓе. Кога можеме да ги контролираме емоциите, создаваме многу посилни врски со другите.

Внимателност

Внимателноста и грижата за другите, поддршката и емпатијата се вообичаени кај софистицираните луѓе. Тие се свесни за другите. Тие се внимателни кон чувствата на луѓето околу нив.

Стандарди

Софистицираните луѓе веруваат дека ако работата вреди да се работи, вреди да се работи правилно. Тие имаат стандарди во секоја област од нивниот живот, тоа ја вклучува нивната работа, одговорностите и чувство на должност.

Според зборовите на самата кралица на елеганцијата, холивудската актерка од 1950-тите Грејс Кели (која подоцна стана принцеза од Монако): „Сè треба да се заработи со работа, упорност и чесност“. Затоа софистицираните луѓе се вредни, трудољубиви и истрајни во своите напори.

Елеганција

Кога размислуваме за најелегантни познати личности, не е изненадување што многумина доаѓаат од златното доба на Холивуд, како Елизабет Тејлор, Ингрид Бергман, Одри Хепберн… Тоа е комбинација од вкусниот начин на облекување со начинот на кој тие го носат. Елеганцијата и софистицираноста може да се видат и во тоа што го носите и во говорот на телото.

Софистицираните луѓе ги држат главите високо, рамената се притиснати наназад и срдечно се насмевнуваат. Тие имаат свој стил, наместо да се чувствуваат принудени да ја следат толпата. Како целото нивно однесување да е самоуверено и елегантно.

Резервираност

Резервирано не значи тивко или плашливо. Не е дека софистицираните луѓе не дозволуваат нивниот глас да се слушне. Тие имаат тенденција да се воздржуваат малку. Тие знаат дека треба прво да ги запознаат луѓето пред да го откријат секој мал детаљ.

Воздржаната природа на софистицираната личност не се прикажува на непријателски начин. Едноставно се позатворени и не се отвараат одма да ви го раскажуваат целиот живот или да трачарат. Тие слушаат, примајќи ги сите информации пред да одлучат за најдобриот начин да продолжат со разговорот.

Пријателски и топол однос

Како што реков, резервираното секако не значи ладно. Всушност, софистицираните луѓе никогаш не се ладни. Сосема спротивно, тие се срдечни, охрабрувачки и пријателски настроени кон оние што ги среќаваат. Тие знаат дека тоа е најдобриот начин да се покаже љубезност и сочувство.

Така да однесувајте се што е можно попријателски, тоа е најдобриот начин да се обезбеди што поголема соработка со луѓето.

Почитување

Почитта е да им покажете на другите дека ги прифаќате. Сите сакаме да се чувствуваме слушнати и видени. Чувството на отфрлено и игнорирано може да биде неверојатно болно и деморализирачко. Покажувањето почит не е само да се однесуваме добро и достоинствено со одредени луѓе. Се работи за тоа да се однесуваме кон сите со истата учтивост. Да се ​​биде почитуван значи да се прифати некого, без разлика кој е тој. Дури и кога тие се различни од вас или кога не се согласувате со нив.

Ако тоа звучи предизвикувачко, тоа е затоа што е. Нашите ега имаат навика да сакаат да се чувствуваат супериорни, некогаш потсвесно знаеме да се обидеме да го намалиме статусот на другите за да се обидеме да го надуваме нашиот.

Трпение

Софистицираните луѓе избегнуваат да се нервираат или да се вознемират веднаш. Тие имаат трпение да го прифатат животот таков каков што е. И се чини дека ова им носи мир кој потоа можат да го споделат со другите.

Флексибилност

Можеби една од причините зошто софистицираните луѓе успеваат да останат толку присебни и трпеливи е затоа што се флексибилни. Тие не се држат строго само на еден начин на кој може и треба да се направат работите. Ова им помага да избегнат да бидат преоптоварени и фрустрирани.

Доверливост

Софистицираните луѓе се верни на зборот. Тие го кажуваат она што го мислат и го мислат тоа што го кажуваат. Тоа ги прави некој на кој се чувствувате дека можете навистина да се потпрете. Тие ја ценат чесноста. Така се чувствувате како да знаете каде стоите со нив.