Сепак останувам на тоа дека не треба сите да имаат право на глас, пример овие шо џвакаат мастика со отворена уста…велам пример

Уште една карантинска уметност

Минималистички артовски феминизам

Лаура Бергер е уште една од многуте уметнички души која во време на КОВИД-19 доживеа вистински пресврт во своето творење и наместо со акрил, почна да слика со масни бои на платно.

Инспирација за нејзините нови дела е женското тело, насликано во лежерни и природни положби. Ситуацијата со пандемијата ја наведе Бергер да ги насочи своите таленти кон поинаков уметнички израз на кој дотогаш била навикната, да испробува нови нешта и да си отвори нови видици, наоѓајќи постојан мотив во анатомијата на телото и негова апстракција во големи геометриски форми.

И како и секогаш, така и сега, кога се воодушевувам на уметност, оставам сликите да кажат повеќе од зборовите: