Кога знам дека ме лажат увек сум збунета дали мислат дека добро лажат или мислат дека јас сум глупа

Фустани што мора да ги имате во лето

Или барем еден од нив

Летото е симбол на лежерност, на леснотија, на убави фустани комбинирани со соодветни сандали, на храбри дезени, на лесни материјали кои нема да ве потат и во кои нема да се чувствувате како заробени во најлонска вреќа.

Како што и очекуваме, во летните трендови не можеме да поминеме без познатиот макси-фустан, кој најчесто е или на прерамки или со кратки ракавчиња. Битно е да е долг, многу долг, да ги покрива целите нозе, но и доволно широк за да не ни биде жешко и да овозможува проток на воздух кој ќе нè лади.

Белиот летен фустан одлично оди со исончана кожа, дури и кога шансите да одиме на одмор се мали (како годинава). Во овој случај го избирате моделот што ви стои, тесен, широк, долг, макси, мини, и го комбинирате буквално со сè што сакате.

Слип-фустаните се оние елегантни и нежни фустани кои на прв поглед личат на ноќница, но всушност беа многу популарни во 90-тите. Се комбинираат со наметки, елегантни сандали и дискретен накит.

Со цветното дезенче нема да погрешите во никој случај. Единствено треба да го одберете моделот соодветен на пригодата, дали е секојдневна или поофицијална. Летото е весел период, па цвеќенцата се и повеќе од препорачливи како дел од вашиот стил.

Точки во различни бои и големини – апсолутно секогаш се модерни и ефективни, за сечиј стил. Не мора да е фустан на крајот на краиштата, можете да ги вметнете и со помош на маичка, чанта или марама.